1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Меркел: Кој прв ќе добие корона-вакцина во Германија?

СН/агенции
14 ноември 2020

Ангела Меркел гледа малку надеж за релаксација на корона-кризата. Вирусот ќе остане опасност во претстојната зима, рече канцеларката во денешниот видео подкаст. Таа исто така посочи кој прв треба да се вакцинира.

Screenshot Video-Podcast Kanzlerin Merkel zu Corona-Krise
Фотографија: bundesregierung.de

Германската канцеларка, Ангела Меркел, најави дека вработените во домовите за нега на стари и болни лица и нивните штитеници ќе бидат меѓу првите кои ќе имаат пристап до вакцината против коронавирусот.

Во своето неделно видео обраќање, денеска Меркел рече дека корисниците и вработените во домовите за нега „ќе имаат приоритет“ откако вакцинатаќе биде достапна. Речиси еден милион луѓе во Германија живеат во разни домови за нега на стари и болни лица.

Германија сака да купи 100 милиони дози од вакцината која ја развиваат американската Фајзер и германската фармацевтска компанија БиоНТек.

Повеќе:

-„Бионтек“: Турското семејство кое ја создаде вакцината против коронавирусот

-Коронавирус: Вакцинирање во Германија уште пред крајот на 2020?

-Драматичен апел на Меркел: „Ве молам, останете дома“

Во денешниот видео подкаст  Меркел уште еднаш ги предупреди граѓаните на тешки месеци поради  пандемијата. „ Претстојната зима ќе бара многу жртви од сите нас. Вирусот ќе ги одредува нашите животи уште долго време“, рече канцеларката 

Германскиот институт Роберт Кох денеска пријави дека во последните 24 часа се регистрирани 22.461 новозаразени и 178 починати лица. Од почетокот на пандемијата во Германија се забележани 773.556 потврдени случаи со коронавирусот и 12.378 починати.

Во понеделник, Меркел  и премиерите на германските покраини ќе направат анализа на резултатите од делумниот локдаун во земјата воведен на 2. ноември, со која треба да се доведат под контрола растечките бројки на корона-инфекции во земјата. Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт веќе потенцираше дека канцеларката во моментов не гледа можности за ублажување на рестрикциите. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми