1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел планира построг локдаун

ЖА /ДВ | агенции
9 април 2021

За в понеделник закажаната средба на канцеларката Меркел и покраинските премиери е откажана. Но, владата планира во вторник да започне постапка за заострување на Законот за инфективна заштита.

Deutschland | Bundestag | Angela Merkel gibt Regierungserklärung ab
Фотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

 

В понеделник нема да има конференција на канцеларката Ангела Меркел со премиерите на сојузните покраини, соопшти владиниот портпарол Улрике Демер во Берлин.

Одлуката дали да се воведе или не построг локдаун наскоро се чини ќе биде под посилно влијание на сојузот од досега. Според наводи од германската влада, сојузот и покраините заеднички работат на измени на Законот за инфективна заштита. Планирана е подиректна, обврзувачка и посѐопфатна „кочница во итен случај“ за окрузите при инциденција над 100. Само при вредност пониска од 100, би можеле да бидат и натаму во сила постојните заклучоци на конференцијата на покраинските премиери и покраините со тоа да ја задржат својата надлежност.

Германија соочена со трет бран коронавирус

02:07

This browser does not support the video element.

Нејасно е како би изгледал новиот построг локдаун

Меѓу покраинските премиери, кои би требало да го импементираат построгиот локдаун преку покраинска регулатива, ставот не е еднозначен. Додека премиерот на најбројната сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, неодамна предложи „премостувачки локдаун“, ставот на берлинскиот градоначалник Михаел Милер е поинаков. Социјалдемократскиот политичар за ЗДФ истакна дека многу покраини уште сега постапуваат доста решително против пандемијата.

Оној кој иницира построг локдаун, мора да каже што сака да заостри. Милер, кој е и актуелен претседавач со Конференцијата на покраински премиери, укажува покрај тоа и на кочницата која судовите често ѝ ја ставаа на политиката во последно време. Антикорона прописите на покраините во многу случаи беа одбиени од судовите како несразмерни на ситуацијата.

Парламентот бара поголема вклученост

Истовремено, пратеничките групи на ЦДУ/ЦСУ и на СПД притискаат за поголема вклученост на Бундестагот во сузбивањето на пандемијата. Пред следната средба на сојузот и покраините за состојбата на пандемијата, Парламентот мора да расправа околу донесувањето заклучоци, побараа шефот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ Ралф Бринкхаус и неговиот колега од СПД, Ролф Мицених, како и Александер Добринт од ЦСУ.

Цела година во комплетна изолација

02:57

This browser does not support the video element.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан пледира за локдаун

Бројките соопштени од Институтот Роберт Кох навестуваат дека наскоро медицинска нега ќе им биде потребна на повеќе луѓе поради инфицираност со коронавирус. Утрово ИРК регистрираше значителен скок во бројот на новоинфицирани: во изминатите 24 часа со вирусот се заразиле нови 25.464 лица, што е за 3.500 повеќе отколку во петокот минатата недела.

Раст бележи и седумдневната инциденција, бројот на нови инфекции во една недела на 100.000 жители изнесува 110,4 во земјата. Истовремено, ИРК укажува на неопходната задршка во поглед на бројките, зашто во текот на велигденските празници помалку луѓе биле на лекарски преглед или се тестирале на коронавирус, а и Заводите за здравствена заштита со задоцнување испраќаа податоци до надлежните служби. 

И германскиот сојузен министер Јенс Шпан со резерва ги прифаќа актуелните бројки на новозаразени, тој претпоставува дека реалните бројки се многу повисоки, па затоа денеска пледираше за воведување нов локдаун. Нужно е натамошно ограничување на социјалните контакти, ако мора и со воведување ноќен полициски час, изјави Шпан, само така може да се скрши третиот бран на пандемијата.

Медицинарите се разочарани

Ова е разочарувачка нова ситуација, изјави професорот Гернот Маркс, претседател на Германското интердисциплинарно здружение заинтензивна и ургентна медицина, по веста за откажувањето на средбата на Меркел со покраинските премиери. Тој претходно недвосмислено побара: „Навистина ни е потребен строг локдаун“. Според него, „ситуацијата е многу драматична“, во моментов нема никаков смисол да се дебатира околу модели за отворање. Во изминатите денови на одделите за интензивна нега се примани дневно по 80 до 100 пациенти.

Информациите со кои располага Германското интердисциплинарно здружение за интензивна и ургентна медицина велат дека моментно се пополнети 4474 болнички легла во германските болници со пациенти со Ковид-19. Со тоа, слободни се само уште 2000 т.н. кревети за интензивна нега, потребни за тешко заблени од коронавирус и други пациенти во тешка здраветвсна положба, изјави Маркс, што е „навистина многу кнап“.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми