1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Помирувањето е важно за регионот

БГ
10 ноември 2020

Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија во рамките на Берлинскиот процес мина во сенка на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија кој се заканува да го блокира патот на Скопје кон ЕУ. Меркел повика на разбирање.

Bulgarien, Sofia | EU-Westbalkan Gipfel, 10.11.2020
Фотографија: Regierung R. Nordmazedonien

Последната порака на германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија му даде печат на самитот ЕУ- Западен Балкан, иако остана нејасно дали е дадена во контекст на актуелниот спор меѓу Скопје и Софија, или на децениските нерешени балкански конфликти. 
„За регионот е важно да се каже: Помирете се!“*, порача Меркел преку видео-конференциска врска, додека Заев и Борисов од Софија и мафтаа за довидување.
Германската канцеларка ги поздрави потпишаните договори за Заеднички регионален пазар во регионот на Западниот Балкан и усвојувањето на Зелената агенда- како економски проект кој води кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата.
„Тоа е важна одредница како порака за нашите економии што ќе даде импулс кој ќе биде поволен и за граѓаните и за фирмите. Сите сме заинтересирани да изградиме економија која е спободна и која ќе овозможи премин кон економија без јаглерод диоксид“, рече Меркел. 

-повеќе на темата: Бучковски: Вреди да се обидеме

На прес-конференцијата, очекувано, не стана збор за спорот на Софија со Скопје.
Без директно да ги споменува двете земји, Меркел испрати уште една порака на таа тема, оценувајќи дека: „Берлинскиот процес е секогаш поврзан со помирување и надминување на историските  недоразбирањата и наследството од минатото", и потоа додаде дека е добар знак тоа што новите иницијативи, како Рајко, овозможуваат да се среќаваат младите луѓе од Западниот Балкан. 

-повеќе на темата: Познањ- многу пари, малку успешни приказни

Претходно, во поздравното обраќање на самитот, македонскиот премиер Зоран Заев ја начна темата за проширувањето.
„Верувам дека имаме обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори. Треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани“, рече Заев.
Неговиот бугарски колега Борисов ја поздрави „симболиката“ на заедничкото претседавање со процесот од страна на Бугарија и С. Македонија, како „потврда на категоричниот ангажман за развој на регионот“. Борисов рече дека Бугарија се води од желбата да им помогне на државите од регионот на патот на нивната европска интеграција, како и за поддршка на добрососедските односи. 
*Цитатот на германската канцеларка Меркел е сменет на 11.11.2020. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми