1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел призна грешки во менаџирањето на бегалската криза

БГ/дпа31 август 2016

Германската канцеларка вели дека биле сторени грешки во проценката и менаџирањето на бегалската криза, но порачува: Германија ќе остане Германија

Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Carmus

Канцеларката Ангела Меркел признава дека Германија реагирала предоцна и покрај бројните докази за надоаѓачката бегалска криза. Во интервју за весникот „Зидојче Цајтунг“ Меркел рече „И ние Германците, предолго го игнориравме овој проблем“.

„Во 2004 и 2005 веќе имаше многу бегалци кои пристигнуваа, но ние и оставивме на Шпанија и на другите земји на надворешните граници на ЕУ да се справуваат со нив“, рече Меркел.

„Откако презедовме голем број бегалци за време на војните во поранешна Југославија, Германија сакаше да им остави на другите да го менаџираат овој проблем“. Меркел признава дека Берлин погрешил кога во тие години ја одбил пропорционалната дистрибуција на бегалците и им оставил на другите земји сами да се справуваат со проблемот.

Анкета на ДВ: како влијаеше мигрантската политика на Меркел врз Германија?

Интервјуто беше објавено една година откако Меркел ја изговори познатата фраза „Ќе успееме“ во врска со бегалската криза.

Минатата година Германија прими 1,1 милиони бегалци. Поголемиот дел од нив пристигнаа по ветувањето на Меркел дека ќе им биде дадено засолниште на сите бегалци од војната во Сирија.

Една година подоцна: Ќе успее ли Меркел?

03:00

This browser does not support the video element.

„Германија ќе остане Германија- со сите нешта кои ни се драги. Но Германија постојано се менува откако стана сојузна република. Промените не се ништо лошо. Тоа е неопходен дел од животот“, рече Меркел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми