1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Приклучувањето на Балканот ќе зависи од реформите

БГ/миа25 август 2014

Приклучувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ зависи од брзината на реформите во земјите-кандидати, оцени канцеларката Ангела Меркел во интервју во пресрет на конференцијата со земјите од регионот во Берлин.

Фотографија: Reuters

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сите земји од регионот на Западен Балкан имаат европска перспектива, но нивното приклучување кон ЕУ ќе зависи од тоа колку брзо ќе ги применат клучните реформи. Меркел ова го кажа во интервју со политичкиот аналитичар Корнелиу Адебар пред конференцијата за Западен Балкан, која германската Влада ќе ја организира в четврток во Берлин.

Канцеларката изјави дека германската Влада одлучила да организира собир на највисоко ниво, поканувајќи ги премиерите и министрите за надворешни работи и економија на земјите од Западен Балкан, за да ја одбележи стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

„Мислевме за начинот на кој ќе ја одбележиме стогодишнината, за едноставно да не гледаме кон минатото, туку да погледнеме напред кон иднината. Владата има идеја да ги поканиме сите земји од регионот и да им покажеме дека конфликтите се во минатото и дека и покрај сите разлики единството е во неговото срце. Верувам дека европските перспективи на сите овие земји тоа го направија можно“, изјави Меркел во видео материјалот, објавен на нејзината интернет-страница.

„Тоа значи дека сите земји од Западен Балкан имаат шанса да се приклучат кон ЕУ и дека тоа е целта кон која сите тие се стремат“, подвлече таа. „Ние се уште ги помниме ужасните војни и оваа конференција ќе се оддржи за да покаже дека одиме напред, дека ги надминавме конфликтите и дека е тоа добар знак. Ние на сите земји од Западен Балкан им ветуваме членство во ЕУ и стоиме цврсто зад тоа ветување“, рече таа.

Германската канцеларка одби да прогнозира кога може да се очекува ново проширување на ЕУ со некоја од земјите од регионот и рече дека тоа пред сѐ ќе зависи со брзината со која земјите ќе ги исполнат стандардите во однос на структурните реформи, правната држава и борбата против корупцијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми