1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел разочарана поради блокадите во ЕУ

БГ/ ДПА
14 септември 2021

Во нејзината последна посета на земјите од Западниот Балкан како германски канцелар, Ангела Меркел рече дека е разочарана од запрениот процес на проширување на ЕУ

Bundeskanzlerin Angela Merkel in Albanien
Фотографија: Pres Office. Albania Premiership

Преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија требаше да започнат уште за време на германското претседавање минатата година, порача денеска од Тирана, германската канцеларка Ангела Меркел.
„ЕУ мора да си го одржи зборот а не постојано да излегува со нови услови, повторно и повторно затоа што нема интерес- можеби и поради внатрешни причини во некои земји- да продолжи процесот на проширување. Тоа предизвикува разочарување и јас можам да го разберам тоа разочарување“, рече Меркел. 

Неколку недели пред нејзиното најавено заминување од политиката, Меркел оцени дека интересот на германската политика за регионот ќе остане. Во понеделникот таа го посети Белград, а денеска турнејата ја заврши во главниот град на Албанија. 
„Независно од тоа како ќе завршат германските избори, секој нов германски канцелар ќе има симпатии за регионот“, вели таа. Германската канцеларка вели дека и по заминувањето од функцијата ќе се ангажира за регионот. Таа не планира никаква политичка ролја за себе но вели дека ќе остане „пријателка на Балканот и доколку некој и побара совет“ таа ќе го даде. 

Во понеделникот Меркел го посети Белград. Фотографија: Oliver Bunic/AFP/Getty Images

Блокади во ЕУ

Меркел во Тирана беше пречекана од албанскиот премиер Еди Рама, а во текот на денот одржа билатерални состаноци и со премиерите на Црна Гора, Северна Македонија, Косово и БиХ.

Северна Македонија и Албанија ги исполнија сите критериуми за почеток на пристапните преговори со ЕУ, но најпрво Франција, а потоа и Бугарија го блокираа процесот. Меркел во изјавата не именуваше никого, но го посочи „заморот од проширување“ кај некои постари ЕУ-членки.

Следниот самит ЕУ-Западен Балкан ќе го организира словенечкото претседателство на 6 октомври. Меркел од состанокот очекува „мали“ чекор напред, особено во делот на регионалната соработка меѓу земјите од регионот согласно договореното во рамките на Берлинскиот процес. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми