1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел - Самарас: Нема попуст за реформи за Атина

Панајотис Купаранис / Александар Методијев23 септември 2014

Грчкиот премиер може да очекува разбирање за олеснување во однос на отплаќањето на кредитите. За попуштање во однос на реформските напори тој нема воопшто да добие зелено светло.

Фотографија: Reuters

Во последните денови постојано мораше да се повторува на прес-конференциите во германската влада дека за време на посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас кај канцеларката Ангела Меркел ќе биде разговарано за економската состојба во Грција и грчкиот премиер ќе треба да информира како, според негово мислење, ќе треба Грција натаму да оди, но за тоа нема да бидат водени никакви билатерални преговори.

Соодветен партнер за разговор на таа тема за Грција се кредиторите од Тројката: Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Поставувачите на прашањата беа грчките дописници и тие всушност можеа да си го замислат одговорот. Но, очекувањата во Грција од оваа посета се големи, а веројатно и преголеми.

Самарас бара политичка поддршка

Следната недела во Атина се очекува делегацијата на Тројката, која треба да преговара со грчката влада, веројатно за последен пат во рамките на сегашната втора кредитна програма, за дополнителни кратења во социјалните издатоции за голема либерализација на пазарот на трудот. Преговорите нема да бидат едноставни, како што објаснија министрите за финансии од еврозоната за време на нивниот последен состанок. Грција мора реформскиот пакет, кој што е поврзан со кредитите, целосно да го спроведе. За тоа да се направи треба во парламентот да се донесат одредени закони.

Во однос на тоа Самарас ќе ја информира канцеларката Меркел. Многу помалку ќе бидат застапени прашањата за финансирањето и долговите. Како земјата ќе ги покрие финансиските дупки во 2015 година? Така што грчката влада позјами трет кредит од Тројката. Иако каматите за тој кредит беа за двојно поевтини, се сака финансиските потреби да се покријат со издавање на државни обврзници. Причината за тоа е што кредитот од ЕУ и ММФ е поврзан со реформските мерки, а кредитите на финансиските пазари не се. За Грција да најде купувачи на нејзините обврзници мора да постои доверба во неа. Како да се постигне доверба во земјата која има куп долгови, кои оваа година ќе надминат 177 проценти од нејзиниот економски аутпут?

Фотографија: Reuters

Важен критериум за тоа ќе биде оценката на Тројката за вториот кредитен пакет. Колку ќе биде попозитивна, толку ќе бидат поголеми шансите на грчката влада да подигне пари од меѓународните финансиски пазари. И токму тука во игра доаѓа германската канцеларка, бидејќи оценките на Тројката секогаш подлежат на политичките очекувања. Затоа Самарас ќе побара од Меркел финалниот извештај да биде колку што е можно попозитивен. Покрај тоа, Самарас сака да ја придобие Меркел за намалување на каматните стапки и продолжување на временскиот рок за отплата на досега земените кредити. Меркел би можела да се согласи за олеснување во отплаќањето на кредититите, ама воопшто не и во однос на спроведувањето на реформите.

Сеништето на левичарската влада

Фотографија: Reuters

Откако владата на Самарас го постави реформскиот курс пред две години, германската канцеларка ги фали напорите на владата во Грција. Но, во Берлин има и стравување дека со крајот на надзорот од страна на Тројката, што треба да се случи на крајот на годинава, би можела да запре и волјата за реформи во Грција, да се врати старата рутина и досегашните напори да бидат попусто загубени. Треба да се почека дали Самарас би можел да даде импресионирачки одговори во одонос на ова.

Според медиумски извештаи во Грција, Самарас во Берлин ќе отвори и дополнителна тема - имено, можноста од предвремени избори, од кои би можела да произлезе левичарска влада. Причина за нив би бил неуспехот на палраментот на почетокот на следната година да избере нов претседател на државата. Најголеми шанси за победа на предвремени избори има левичарскиот сојуз СИРИЗА. Во анкетите овој сојуз е на стабилни четири проценти пред конзервативците. Сепак, неверојатно е дека Меркел е поготвена да се допушти таков развој со кој на грција би и’ се дал „попуст во реформите“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми