Германија се справува со третиот бран на коронавирусот, во кој поради големиот број на инфекции, се множат барањата за заострување на рестрикциите. И германската канцеларка се залага за такво нешто.
Реклама
Канцеларката Ангела Меркел пледира за воведување на краток но заострен локдаун во Германија со оглед на актуелната состојба со бројот на инфекции.
„Затоа секое барање за краток локдаун кој подеднакво ќе важи во целата земја е исправно“, изјави заменичката на портпаролот на германската канцеларка, Улрике Демер денеска во Берлин на прашањето за позицијата на канцеларката околу ова прашање.
Според Демер, податоците за бројот на инфекции во земјата поради велигденските празници не ја отсликуваат вистинската ситуација. Од друга страна, зголемениот број зафатени кревети за интензивна нега во германските болници укажува на сериозноста на состојбата.
Цела година во комплетна изолација
02:57
„Потребна ни е стабилна инциденца (број на заразени за седум дена на 100 илјади жители) под 100“, изјави Демер, според која подобро е таа да изнесува 50 , а идеално би било кога инцидената би била 30.
Таа уште соопшти дека нема мнозинство за порано одржување на состанокот на канцеларката со покраинските премиери за натамошните чекори во корона-кризата, закажан за наредниот понеделник.Но, подготвителни разговори со покраините се во тек, истакна Демер, дополнувајќи „Разноликоста на рестрикциите во покраините не придонесува за доверба и прифаќање од страна на германските граѓани.“
Премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија и лидер на Христијанско-демократската унија- , Армин Лашет деновиве предложи таканаречен „премостувачки локдаун“ со заострени мерки сè додека кампањата за вакцинација не постигне јасно резултати и се заложи за тоа состанокот со канцеларката и колегите покраински премиери да биде одржан уште неделава.
Во последните 24 часа во Германија се потврдени уште 9.677 случаи на Ковид-19, или вкупно 2,9 милиони од почетокот на пандемијата. Од последиците на вирусот во земјата досега починаа 77.401 лице.
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Коронавирусот ја доведе глобалната индустрија за патувања во ќорсокак. И покрај ограничувањата, некои патници повторно ги пакуваат куферите и се упатуваат кон региони кои ветуваат безбедност и одмор од Ковид.
Фотографија: Nikolai Okhitin/Zoonar/picture alliance
Исланд
Островот во Северен Атлантик со своите водопади, вулкани и глечери е подготвен за туристите. Љубителите на природата и авантуристите можат да патуваат таму во согласност со прописите за коронавирусот. Исланд е една од ретките земји во Европа која дозволува влез за вакцинирани лица и лица кои се опоравиле од од Ковид-19, без потреба од тестирање и карантин.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Trumpf
Ла Палма, Шпанија
Канарскиот остров Ла Палма е речиси без заболени со коронавирусот. Туристите кои патуваат од Германија теоретски можат да влезат со негативен ПЦР тест, но во моментов нема многу летови за Ла Палма, бидејќи е дел од Шпанија, која е земја со висок ризик. Хотелиерите и агентите за изнајмување недвижности се надеваат дека состојбата ќе се подобри од март.
Ограничувањата за патување во Занзибар беа укинати уште во јуни 2020 година. Патниците од повеќето земји можат да влезат без ПЦР-тест, формулар за влез или карантин. На островот, кој ѝ припаѓа на Танзанија, нема ограничувања, рестораните се отворени, а се одржуваат забави и концерти. На крајот на март, Луфтханза за првпат планира да понуди директни летови до островот на задоволствата.
Фотографија: picture alliance / blickwinkel/M
Руанда
Туристите ја посетуваат Руанда за да видат планински горили. При влегување мора да се покаже негативен ПЦР-тест и да се направи дополнителен тест локално. По седум дена во карантин на туристите им е дозволено да одат на сафари и да ги видат горилите под строги хигиенски услови. Мерките на претпазливост се покажаа ефикасни. Германија никогаш ја нема ставено Руанда на листата на ризични области.
Фотографија: Felipe Dana/AP Photo/picture alliance
Сејшели
Архипелагот крај источниот брег на Африка мами со белите песочни плажи, тиркизно синото море и со бујните палми. Од јануари, секој може да влезе во земјата ако има сертификат за вакцинација против Ковид-19 и со негативен ПЦР- тест направен во рок од 72 часа. Нема потреба од карантин. Одморот може да започне веднаш. Сепак, бидејќи Сејшели се ризична област, повратниците мора да одат во карантин.
Островската земја во Индискиот Океан бележи зголемување на стапката на инфекции од декември и се смета за ризична област. Според правилата од јули 2020, туристите можат да влезат со негативен тест, но нивниот престој останува ограничен на однапред резервирано одморалиште. Со оглед на луксузните објекти во хотелските комплекси, туристите се прилично подготвени да ги прифатат овие ограничувања.
Фотографија: Sergi Reboredo/picture alliance
Тајланд
Ниските стапки на инфекција значат дека патувањето во Тајланд не е забрането тукусамо не се препорачува. По пристигнувањето и на сопствен трошок, патниците мора да поминат строг карантин во траење од 14 дена во објект за изолација (обично хотел) кој е одобрен од владата и да направат неколку тестови за Ковид-19. Само тогаш тие можат слободно да се движат во земјата.
Работа на вашиот лаптоп пред да скокнете во базен, или обратно? Ако не можете да престанете да работите, можете да „работите од дома“ во далечните земји. Туристичките агенции во неколку земји, како на холандскиот карипски остров Аруба (на сликата) ја препознаа можноста и нудат опции за работа и одмор за туристите. И тука, се разбира, мора да се внимава на актуелните корона-рестрикции.
Дубаи до декември, се сметаше за место без Ковид-19, но од 24 јануар се смета за област со висок ризик. Емиратот донесе влијателни инфлуенсери и познати личности во земјата, а туристите ги следеа, откако сликите на безгрижни забави крај базен го обиколија целиот свет. Сега баровите и пабовите се затворени, ограничувањата се применуваат во трговските центри и во рестораните.
Фотографија: Udo Bernhart/dpa/picture alliance
Туристички крстосувања
Индустријата за туристичко крстосување ги врбува муштериите со тоа што нуди најголема можна безбедност. Ова значи пониски стапки на посетеност на пловните објекти, физичка дистанца на бродот, задолжително носење маски, дневни проверки на температурата, контролирани екскурзии на брегот... Но, оваа релаксација доаѓа со ограничувања, бидејќи коронавирусот исто така знае како да патува.