1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се залага за поголеми шанси за мигрантите

Хајнер Кисел/ А.Трајковска 2 декември 2014

На младите луѓе со мигрантско потекло им е особено тешко при барањето работа. Многу пријавувања пропаѓаат веќе поради странското име. На самитот за интеграција стана збор за можни решенија на овој проблем.

Фотографија: Reuters/A. Schmidt

Германската канцеларка Ангела Меркел ги опомена работодавачите во Германија да станат поотворени за мигрантите и нивните деца. На седмиот самит за интеграција во Берлин таа критикуваше дека луѓето кои бараат работа со странски имиња сѐ уште е потешко да бидат вработени. „Тука мораме да се подобриме“, нагласи политичарката од ЦДУ. Таа исто така јасно рече дека „двете страни“ мораат да се придвижат, „за да постигнеме успех“. Доселениците и нивните семејства се шанса за Германија и нивниот силно зголемен број во последно време покажува дека земјата е атрактивна во странство. Само во 2013 година во Германија се доселиле 1,2 милиони луѓе - најмногу на годишно ниво во последните две децении.

На самитот за интеграција се сретнаа претставници од сојузно ниво и покраините, стопанството, синдикатите и организациите на доселеници. Централна тема овојпат беа можностите за вработување и обука на млади луѓе со миграциско потекло. Германската влада сака да се заложи за тоа младите поинтензивно да бидат информирани за опциите за обука, рече Меркел. Пред средбата во кабинетот канцеларката заедно со ополномоштеничката за интеграција на германската влада Ајдан Озогуз самата имаше можност да ги согледа можностите за обука во берлинското сообраќајно претпријатие. Во најголемото комунално претпријатие за јавен превоз околу 30 проценти од вработените имаат миграциско потекло.

Анонимизирани пријавувања - предлог решение

Една можност за повеќе еднакви шанси за луѓето со миграциско потекло би можеле да бидат анонимизирани кандидатури, имено многу барања на работа пропаѓаат во ран стадиум.

Меркел не полага многу во анонимизираните кандидатуриФотографија: Fotolia/Halfpoint

„Јавните и приватните работодавачи на тој начин среде недостиг на стручна работна сила не користат голем работен потенцијал“, опоменуваат раководителката на одделот за антидискриминација на сојузот Кристине Лидерс и Турската заедница во Германија во заедничко соопштение. Во него се бара начин на кандидирање во кој податоците кои би можеле да доведат до дискриминација на еден кандидат нема да бидат видливи. Тоа би можело да води до кандидирања без име, адреса, старост, место на раѓање, националност и фамилијарна состојба и се разбира без фотографија. Исто така би требало да отпаднат информации кои можат да дадат допонителни информации како воена служба, породилно и познавање на јазици како и години од кои би можела да се заклучи староста. Оваа постапка би обезбедила еднакви шанси, се вели во соопштението.

Германската канцалерка Ангела Меркел е повеќе дистанцирана за вакви кандидатури, какви што впрочем се вообичаени во САД, Канада и Велика Британија. Тоа би можело да се направи, рече таа на крајот на самитот за интеграција и дополни: „Искрено кажано, јас порадо би сакала земја во која не станува збор за тоа како некој се вика“. Таа посакува процес на меѓусебно приближување. „Интеграцијата не е еднонасочна улица“. Меркел посакува младите при учењето на германски јазик и во училиштата да добијат подобра поддршка. Таа полага голема надеж, исто како и многу претставнции на мигрантите во „асистираното образование“. Притоа социјално запоставените и младите кои тешко учат за време на целиот период на учење да бидат згрижени од посредувач на работа или од некој друг експерт. Ополномоштеничката за интеграција Озогуз повика на родителите на овие млади да им се разјасни што значи добро училишно образование и добра професионална обука. „Родителите се многу важен фактор“, нагласи таа.

Темата шанса за образование беше централна на самитот во БерлинФотографија: T. Schwarz/AFP/Getty Images

Критичарите на самитот за интеграција по размената на мислења во канцеларскиот кабинет сметаат дека недостасуваат конкретни чекори за да се подобрат шансите на оние кои поради нивното потекло се дискриминирани на пазарот на трудот. Претседателката на опозиционата партија на Левицата Катја Кипинг смета дека тоа е само „шоу“. Таа повика да се отстранат постоечките бариери за луѓето со миграциско потекло на пример преку опсежно интеркултурно отворање и реформа на правото за државјанство и се разбира стандардизирани анионимни кандидатури.

Дискусија за забрана на бурката

Додека во Берлин канцеларката се залагаше за поголемо разбирање за доселениците, нејзината партиска колешка се изјасни против целосното покривање на жените. Заменик претседателаката на ЦДУ Јулија Клекнер во весникот „Рајнише пост“ од Диселдорф побара забрана за целосно покривање во јавноста. „Бурката“ не е симбол за религиозна разноликост, рече Клекнер и негодуваше поради тоа што „на пример базените често се затворени и на прозорците висат крпи, оти таму се капат муслимански жени или мажи“. Составен дел од едно отворено општество е некому да може да му се погледне в лице. На самитот во Берлин оваа изјава, која предизвика внимание во јавноста, не играше улога.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми