1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се залага за подобрување на европскиот фонд за спас

24 март 2011

Пред да замине за Брисел, на самит на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел пред пратениците во Бундестагот во Берлин ги изнесе ставовите во однос на финансиската и економската криза и стабилизација на еврото.

Ангека Меркел поднесе владина изјава
Ангека Меркел поднесе владина изјаваФотографија: dapd

Од 2007 година финансиската и економската криза е постојана тема во Европската унија. Повеќе земји членки веќе се сопнаа на сопствените државни дефицити, а еврото е и понатаму под голем притисок. Ова треба да биде надминато на престојниот самит, вети германската канцеларка Ангела Меркел пред пратениците во Бундестагот. „Пакетот за зајакнување на економската и монетарната унија следи три цели: прво, поголема стабилност и солидност, второ, зајакнување на конкурентноста и трето, балансиран сооднос меѓу сопствената одговорност на земјите членки и солидарноста на другите.“

Шефовите на влади на ЕУ одлучуваат за мерките, кои треба да стапат во сила по 2013 година, во случај членки на ЕУ да станат платежно неспособни. Фондот за стабилизација на еврото треба да биде проширен на 440 милијарди евра, од кои 22 милијарди евра доаѓаат од Германија. Според најавите, ЕУ треба да се погрижи за тоа, земјите кај кои постои опасност од финансика криза, на време да се преземат превентивни мерки: „На тој начин земјите членки кои го користат еврото во иднина ќе бидат соочени со санкции, ако не преземат мерки за избалансиран буџет. Постигнавме, буџетските грешници, кои ги прекршуваат границите од Мастрихт, имено три проценти од брутодомашниот производ, во иднина да бидат казнети порано и побрзо.“

Фотографија: Picture-alliance/dpa

Конкретни казни им се закануваат на државите, чии задолжувања надминуваат 60 проценти од сопствениот буџет. „Со овој пакет извлекуваме поука од должничката криза. Истовремено градиме рамка, за она што се случувало во минатото да не се повтори.“

Канцеларката Меркел потсети на се’европската одговорност и повика на година на довербата. Но, тоа не ја убеди опозицијата. Грегор Гизи, шеф на пратеничката група на Партијата на Левицата не гледа дека владата научила нешто од последната криза. „Ниту ги ограничивте шпекулациите, ниту продажбите без покритие, ниту хеџ-фондовите и друштвата со специјална инвестициска цел. Меѓународниот монетарен фонд стравува од нова и полоша криза и тоа затоа што финансискиот пазар не е подобро регулиран“, рече Гизи.

Социјалдеморкатите сметаат дека пактот за стабилност е исправен потег, меѓутоа стравуваат како ќе го прифатат граѓаните. Имено, од даночните средства треба да дојдат парите за новата помош на презадолжените земји од ЕУ. Затоа не треба да решаваат само шефовите на владите за кризните механизми, туку и парламентите. Впрочем до крајот на летото, националните парламенти на еврозоната ќе треба да гласаат за предлозите за стабилност на валутата.

Автор: Хајнер Кисел/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми