1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се заложи за ангажман во Авганистан

8 март 2008

Германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината викенд видео порака на интернет нагласува дека актуелниот развој на случувањата во Авганистан е од големо значење за безбедноста на Германија.

Германски војници во ИСАФ мисијата во АвганистанФотографија: picture-alliance/ dpa
„ Доколку во Авганистан повторно се појават терористи, тогаш тоа ќе претставува закана за целиот слободен западен свет„ изјави Меркел во видео пораката до германската јавност. Таа го бранеше концептот на мрежна безбедност. „ Од една страна потребни ни се воени средства, но исто така не може да има безбедност без цивилна обнова„ Меркел притоа ги наведе можностите за посета на децата на училишта, медицинската грижа и обезбедување на чиста вода за пиење. „ Многу конфликти во светот географски се одалечени од Германија. Но знаеме, дека тие се закана и за нашата безбедност. Затоа е неопходно Германија да се ангажира, кога станува збор за решение на кризи од глобален аспект„ Меркел најави дека во понеделник ќе присуствува на годишниот собир на командантите на Бундесверот, каде на војниците ќе им се заблагодари за нивниот ангажман во регионите со конфликти во светот.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми