1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се нуди за посредник во кризата со Северна Кореја

ЕМФ /агенции
11 септември 2017

САД имаат намера во Советот за безбедност да издејствуваат заострени санкции против Северна Кореја. Дали Русија и Кина ќе играат на истата страна е прашање. Пјонгјанг во меѓувреме повторно се заканува.

UN Sicherheitsrat Nordkorea-Konflikt
Фотографија: picture-alliance

По интензивни дипломатски напори зад кулисите, Советот за безбедност на ОН денеска ќе разговара за конфликтот со Северна Кореја и можеби ќе донесе и заострени санкции против Пјонгјанг.

По последната нуклеарна проба на Северна Кореја пред околу една недела, САД најавија „најостри можни санкции“, меѓу кои и нафтено ембарго и замрзнување на имотот на властодржецот Ким Јонг Ун во странство. Во меѓувреме, во СБ на ОН се предлага „омекната“ резолуција, односно текст во кој не се предвидени конкретни казнени мерки, велат дипломати во Њујорк. Се тврди дека нема да биде замрзнат имотот на Ким Јонг Ун во странство за да им се излезе пресрет на Русија и Кина.

Пјонгјанг во меѓувреме се закани дека САД ќе платат „висока цена“ доколку предлог резолуцијата има успех во ОН. Советот за безбедност на почетокот на август ги донесе досега најострите санкции против Пјонгјанг, кои меѓу другото предвидуваат забрана за извоз на јаглен, железна руда, олово, како и риба и морски плодови. Но, постоечките санкции постојано се заобиколуваат, како од страна на Северна Кореја, така и од страна на други земји, се вели во извештајот на експретите на ОН кои годишно ја контролираат ситуацијата со санкциите.

Меркел се изјасни за наоѓање дипломатско решениеФотографија: picture alliance/dpa/AP/M. Schreiber

Германија како посредник?

Во меѓувреме, покрај Швајцарија, за посредник во кризата со Северна Кореја се нуди и Германија. „Ако се посакува наше учество на разговорите, веднаш ќе кажам да“, изјави канцеларката Ангела Меркел за „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“. Таа укажа на преговорите за иранската атомска програма, чиј дел, покрај петте сили со право на вето во СБ на ОН, беше и Германија. Во изминатите денови Меркел веќе разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг и се изјасни за наоѓање дипломатско решение.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми