1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел со морков и стап за Балканот

Н.Крајцер / агенции
10 мај 2018

Канцеларката Меркел во Берлин разговараше со претставниците на „фенерџиите“ во процесот на приближување кон ЕУ - Косово и Босна и Херцеговина.

Berlin Angela Merkel empfängt Hashim Thaci, Kosovo
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Германската канцеларка Ангела Меркел го уважи напредокот на Косово во процесот на изградба на демократски структури, но нагласи дека на патот до членство во ЕУ има уште многу да се направи. По средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи во Берлин, Меркел особено ја истакна потребата од борба против корупцијата и организираниот криминал, како и напор за повеќе правна држава и борба против невработеноста.

Централно прашање остануваат односите со Србија, прашање кое ќе биде присутно и на ЕУ-самитот за Западен Балкан во Софија, на 17 мај. Меркел потенцираше дека приоритетни се прашањата на основање Заедница на српски општини на Косово, како и разјаснувањето на прашањата поврзани со енергијата.

Тачи до Меркел: Вие сте надеж за Западниот БалканФотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Тачи му се заблагодари на „прекрасниот германски народ“ за поддршката во стекнувањето независност од Србија, а обраќајќи ѝ се на Меркел рече: „Вие сте надеж за Западниот Балкан.“ Според косовскиот претседател, во односите со Србија сега би морала да почне „завршната фаза“ на преговорите. За постигнување договор со Србија нема друг пат освен дијалог, рече Тачи во Берлин.

Повеќе: На Самитот во Софија му се заканува дебакл поради Косово

Предупредување до Сараево

По средбата со Тачи, германската канцеларка во Берлин ги прими и членовите на босанското претседателство - Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ. „Она што сигурно не го посакуваме е блокада на државните институции“, беше јасна канцеларката Меркел во обраќањето до новинарите во пресрет на вечерата со припадниците на Претседателството на БиХ. Тоа може да се протолкува и како „само уште тоа би ни требало“.

Повеќе: „Босна и Косово - заборавени протекторати“

Зашто, од Босна и Херцеговина веќе одамна не доаѓаат позитивни вести, колку и гостите од Сараево, односно во моментов првиот меѓу еднаквите - Изетбеговиќ, да се трудеше тоа да го ублажи: „Од Босна и Херцеговина често доаѓаат лоши вести, но верувајте ми, ситуацијата е подобра отколку што тоа се перцепира во јавноста“, рече Изетбеговиќ синоќа во канцеларскиот кабинет.

Пораките од Берлин мора прецизно да се толкуваат: членовите на Претседателството на БиХ на работна вечера со Меркел (Берлин, 9.05.2018)Фотографија: picture-alliance/AA/E. Basay

Но на средбата во Берлин, како што тоа доцна вчеравечер за Ал Џазира го потврди Изетбеговиќ, се разговарало токму за тоа што БиХ, но и нејзините партнери, во кои несомнено се вбројува и Германија, во моментов најмногу ги загрижува. Во текот на работната вечера, канцеларката, како што рече Изетбеговиќ, преку еден час се распрашувала за детали околу кризата која изби поради изборниот закон во БиХ. Меркел сакала да знае како Германија и ЕУ може да помогнат. Но, решение мора да донесат политичките чинители во БиХ сами. Инаку, нема да се случи посакуваното приближување кон ЕУ, нагласи Изетбеговиќ. Во отплеткување на политичкото клопче наскор би требало да помогне Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми