1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Србија не е зрела за кандидатски статус

2 декември 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел одбива Србија да добие статус на кандидат за ЕУ. Таа ги критикуваше судирите во Косово.

Pressekonferenz im Bundeskanzleramt in Berlin Angela Merkel und David Cameron
„Не“ за српските амбицииФотографија: dapd

Србија, според Ангела Меркел не е зрела за почеток на пристапни преговори со ЕУ. Земјата не е подготвена да одговори на предизвиците на процесот, па не гледам можност за доделување кандидатски статус, изјави германската канцеларка во своето обраќање пред германскиот парламент, Бундестагот, во пресрет на ЕУ-самитот идната недела.

Најновите судири во Северно Косово Меркел ги оцени за „неприфатливи“. Таа потсети дека во критериумите на ЕУ за проширување се вбројуваат и добрососедските односи.

На границата меѓу Косово и Србија со недели се случуваат судири меѓу српското малцинство и меѓународните заштитни сили КФОР, во понеделникот во нив беа ранети двајца германски војници. Србија с енадева на самитот на ЕУ на 9-ти декември да добеи статус на земја-кандидат.

Синоќа ваква препорака одби и пратеничката група на партиите на Унијата, на препорака на германската влада. Заменикот шеф на пратеничката група во Бундестагот од УНијата, Андреас Шокенхоф, во парламентот денеска изјави дека доколку не се исполнети основните правни стандарди, не може едноставно да се климне потвртдно за српските амбиции за влез во ЕУ. Германскиот министер за одбрана Томас де Мезие во средата истакна дека Берлгард им асилно влијание врз српското население на Косово, а тоа мора да биде користеноза мирен развој на настаните.

Автор: ЖА/БГ/дапд/афп

Редактор:Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми