1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел упати остри критики на сметка на Русија

26 август 2008

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ги посети денеска балтичките земји Естонија и Литванија. Во средиштето на разговорите ќе биде конфликтот во Кавказ. Балтичките земји бараат поцврст став на ЕУ кон Русија.

Меркел и Раинфелт во СтокхолмФотографија: AP

И Меркел при посетата на Стохолм вчера го повиши тонот кон Москва.

Како и што се очекуваше, на средбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и шведскиот премиер Фредерик Раинфелд во Стокхолм доминираше темата Кавказ.

Меркел имаше причина за остри тонови кон Русија:

„Ние сме незадоволни, сосема јасно кажувам дека мировниот план од шест точки, според информациите кои ги имаме, досега не е исполнет. Тоа е очигледно. Мора да следи повлекување на руските трупи, на пример од Поти.“

Заострување наместо решавање на конфликтот

Но, канцеларката не беше загрижена само поради бавното повлекување на руските трупи од грузиската територија, туку и од усвоената резолуција на рускиот парламент за признавање на незвисноста на Абхазија и Јужна Осетија.

„Гледам со голема загриженост на денешните заклучоци на Думата, тоа е против меѓународните договори, очекувам рускиот претседател да не ја потпише оваа резолуција. Во спротивност, ќе дојде до многу тешка, критична ситуација во поглед на територијалниот интегритет на Грузија.“

А тоа, спооред Меркел, не може да води кон решение на конфликтот. Предлозите и понудите за членство на Грузија и Украина во НАТО сега ќе бидат засилени, потенцира Меркел. На следниот министерски самит на Алијансата во декември планираниот прием на двете земји ќе оди во следна фаза. И покрај затегнатоста на односите со Русија, Меркел ја бранеше изградбата на планираниот гасовод како европски проект, кој мора да се одвива независно од сегашниот конфликт. Таа смета дека тој ќе биде завршен до крај, според планот.

Стравувања кај Балтичкитеземји

Денеска германската канцеларка се очекува во Естонија и Литванија. Наводно, естонскиот претседател Томас Илвес критикувал што НАТО нема разработен одбранбен план за Балтик. Токму балтичките држави се гледаат како потенцијални натамошни жртви на руската политика. На прашањето дали се оправдани овие стравувања, Меркел одговори заобиколно:

„Историските искуства, се разбира, се пресудни за сваќањата на народите, така е во цела Европа. Ние ќе се трудиме да има што помалку конфликти. Но, тие се неизбежни, ако не се исполнуваат одредени основни вредности.“

А со овие зборови, Меркел повторно мислеше на руската страна.





Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми