1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инцко и Шмит кај Ангела Меркел: Примопредавање на штафетата

Ненад Крајцер
19 август 2021

Поранешниот и новиот Висок претставник во БиХ, Инцко и Шмит разговараа со германската каанцеларка. На Меркел очигледно ѝ е важно, пред да замине, да осигура успешно продолжување на германската иницијатива на Балканот.

Merkel empfängt Hohen Repräsentanten Bosnien und Herzegovina
Фотографија: Guido Bergmann/Bundesregierung/dpa/picture alliance

Германската дипломатска иницијатива, започната на почетокот на оваа година со посета на Берлин на цела низа министри за надворешни работи од земјите од Западен Балкан, продолжува со полна пареа и во овие последни недели од работата на актуелната германска влада и последните моменти од ерата на Ангела Меркел, која, по парламентарните избори на 26 септември, ја напушта политичката сцена.

Штуро соопштение, голема симболика

Вчера (18.08), доцна попладне, германската канцеларка во Берлин прими двајца високи претставници за Босна и Херцеговина: Валентин Инцко, кој ја напушти функцијата на крајот на јули, и Кристијан Шмит, кој го замени Инцко на почетокот на август.

Интересно е што ниту пред ниту по средбата немаше вообичаена прес-конференција. По средбата само штуро е соопштено дека Меркел му се заблагодарила на Инцко на 12-годишниот ангажман во Босна и Херцеговина, а на Шмит му ветила полна поддршка од страна на германската влада во извршувањето на таа „важна меѓународна функција“.

Според портпаролот на владата Штефен Зајберт, „во центарот на разговорите била ситуацијата во БиХ, особено „реформите кои таму мора да се спроведат“, а сето тоа „со поглед кон приближувањето кон Европската унија“.

Повеќе:

Кристијан Шмит: Само закон за забрана на негирање на геноцидот, не може да го промени општеството во БиХ

Нова надеж за Босна и Херцеговина

Меркел и Западен Балкан: Меѓу прагматизам и разочарување

На посетата не се потрошени повеќе зборови, но би требало да се каже дека таа средба е официјално најавена преку Сојузната служба за печат, па од тоа може да се заклучи дека ѝ се придава и одредено значење. Ангела Меркел, во време кога во Германија се вжештува предизборната кампања за парламентарните избори на крајот на септември, покрај сите свои обврски, како на внатрешен, така и надворешнополитички план, неколку недели пред, сега веќе може да се каже, нејзиното историско напуштање на власта, наоѓа време да прими двајца политичари за кои мнозинството германски граѓани никогаш не слушнале.

На тој начин се испраќа следната порака: се грижиме за регионот на југоисточна Европа, политиката на идната сојузна влада - во која ЦДУ на Меркел веројатно повторно ќе игра важна улога - ќе биде политика на надворешнополитички континуитет, а тоа важи и за Западен Балкан и Босна и Херцеговина.

По самитот во рамки на Балканскиот процес на почетокот на јули, германската канцеларка, гледајќи наназад, изјави дека од нејзиното доаѓање на власт во 2005 година политиката кон регионот на Западен Балкан била проткаена со „подеми и падови, светло и сенка“. „Ни останува да имаме уште многу трпение и ангажман на Западниот Балкан“, рече Меркел и додаде: „И многу работа.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми