1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел ја предупредува Русија

ЕМФ/дв/дпа13 март 2014

Германската канцеларка Ангела Меркел го заострува тонот кон Русија. Таа му префрла на рускиот претседател Путин дека користи методи од 19. и 20. век. Со тоа Русија си штети пред се‘ себеси, оценува Меркел.

Фотографија: Odd Andersen/AFP/Getty Images

Германската канцеларка зборуваше јасно. Таа пред пратениците во Бундестагот денеска (13.03) рече дека руската интервенција на Крим значи повреда на територијалниот интегритет на Украина. „Правото на посилниот е ставено над силата на правото“, нагласи Меркел во својата владина изјава. Таа додаде, дека едностраното туркање на своите геополитички интереси од страна на Русија го загрозува не само единството во Европа, туку е закана и за меѓународната стабилност. Доколку продолжи ваквиот курс и биде дестабилизиран истокот на Украина, Русија ќе си нанесе себеси големи политички и економски штети, предупреди Меркел.

Конфликтите на интереси во Европа во 21. век не се надминуваат со методи од 19. и 20. век, рече канцеларката. Таа отфрли можност за воена интервенција во конфликтото околу Крим, но ја потврди заканата на ЕУ со економски санкции. Ако во наредните денови не дојде до преговори со Русија кои ќе донесат резултат, министрите за надворешни работи на ЕУ, в понеделник, ќе донесат одлука за натамошни санкции против Русија, рече Меркел. Дел од санкциите ќе бидат и забрана за влез во ЕУ и блокади на банкарски сметки.

Споредба на Крим со Косово, според Меркел, не може да се прави. Ситуацијата на Косово тогаш не може да се спореди со денешната ситуација во Украина, оцени таа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми