1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

--

3 март 2012

Европските астрономи кои работат со најголемиот телескоп во светот развија нов метод со кој може да се трага по знаци од живот во вселената. Во нивниот фокус е Месечината.

Фотографија: NASA

Да се откријат трагови на живот во длабочините на вселената- за тоа сонуваат астрономите од целиот свет.

До овој сон голем чекор поблиску стигнаа истражувачите кои работата со најголемиот телескоп во светот (Very Large Telescope или ВЛТ) поставен од страна на Европејците од Чиле и тоа преку еден нов многу сензибилен метод:

Со т.н европското „супер око“ тие во фокус ја земаа Месечината.

Нејзината површина дејствува како огледало. Таа ја привлекува светлината, која се рефлектира од Земјата и ја испраќа назад во правец на нашата планета.

Very Large Telescope (VLT) во ЧилеФотографија: ESO/H.H.Heyer

Оваа екстремно слаба светлина ја истражуваа астрономите во Чиле и проверуваа дали таа содржи „отисоци“ од живот.

Преку таа рефлектирана слаба светлина тие можеа да утврдат дека земјата во дел е покриена од облаци. Дури забележаа и разлики во наоблаченоста. И истотака дека еден дел од планетата се состои од океани. Со нивниот метод тие дури можеа да видат дека на Земјата има растенија.

Астрономот Михаел Штерцик вели: „Површината на Месечината дејствува како огромно огледало, кое ја враќа светлината повторно во наша насока. Оваа слаба светлина ја истражувавме со ВЛТ“.

Ова се практично први чекори за откривање на вакви траги од живот и во светлината на далечните планети и сателити. Се разбира со уште поголеми телескопи.

Автор: Кони Борман/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми