1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Крвава Месечина над Скопје

Арбнора Мемети
27 мај 2021

Ретка небесна претстава - крвава Месечина над Скопје, „фатена“ од објективот на Арбнора Мемети.

Nord-Mazedonien Skopje | Blutmond
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Како настанува крвавата Месечина?

При замрачување на Месечината, Сонцето, Месечината и Земјата се наместени во ретка констелација, зашто Земјата притоа се наоѓа на права линија помеѓу Сонцето и Месечината. Тоа е можно само во фаза на полна Месечина и само кога Месечината се наоѓа во непосредна близина на точката каде се „пресекуваат“ нејзиниот пат околу Земјата и точката на „пресекување“ на патот на Земјата околу Сонцето. За разлика од замрачувањето на Сонцето, кога Месечината се наоѓа самата помеѓу Сонцето и Земјата, кај замрачувањето на Месечината врз неа паѓа само сенка од Земјата. Затоа, погледот на Месечината не е покриен, туку е само замрачен поради немањето сончева светлина.

Зошто е Месечината црвена?

Причина за посебната боја на Месечината е „играта“ на светлината од Сонцето и Земјината атмосфера. Сончевата светлина има различни бранови должини и зависно од тоа како тие се прекршуваат низ атмосферата, настануваат различни бои. При целосно замрачување на Месечината, светлината се прекршува низ атмосферата така што во сенката на Земјата доаѓа само црвениот дел од светлината, па Месечината свети црвено.

Оваа крвава Месечина беше поспектакуларна од други затоа што Месечината беше многу блиску до Земјата - вчера се приближи на околу 360.000 километри. На точката која е најблиску до Земјата, полната Месечина е 30% посветла и 14% поголема отколку на најоддалечената точка и тогаш се претвора во т.н. Супермесечина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми