Месиќ фаворит на изборите во Хрватска
2 јануари 2005Овојпат бројот кандидати е поголем од кога и да е: на почетокот ги имаше вкупно 22. Изборниот закон меѓутоа, предвидува граница според која секој кандидат мора да собере 10 илјади потписи од граѓаните што го поддржуваат, инаку не може да настапи. Само двајца воопшто имаат реална шанса за највисоката функција во Хрватска во наредните 5 години. Тоа се сегашниот претседател Стипе Месиќ, и заменичката премиер Јадранка Косор, во моментов министерка за женски прашања. Според сите анкети, таа е едиснтвената што може да да предизвика втор круг. Покрај овие двајца, има една мала група кои имаат шанса барем да привлечат внимание. На пример Ѓурѓа Алексиќ од хрватската социјал-либерална партија и потпретседателка на парламентот. Треба да се спомне и Славен Летица, една мошне амбивалетна личност, долго време новинар, а извесно време и советник на бившиот претседател Фрањо Туѓман. Настапува и успешниот бизнисмен Борис Микиќ, кој ја напушти Хртватска и замина за САД каде што води успешен бизнис со книги. Најголемата група сепак му припаѓа на демократскиот фолклор. Така поранешниот селектор на фудбалската репрезентација Мирослав Блажевиќ од својата популарност сака да направи капитал и затоа се кандидираше за највисоката функција во земјата. Во оваа група спаѓаат и поранешната адвокатка на фудбалскиот клуб "Хајдук", Дорис Коста, како и студентот на книжевност Мирослав Рајх, припадник на една опскурна секта, но тој ниту кај младите нема шанси.
Ако им се верува на последните анкети, многу е веројатно сегашниот претседател Стипе Месиќ да извојува победа уште во првиот круг. Пред пет години тој беше изненадувачкиот победник. Себе си се претставува како претседател на граѓаните и од многумина сонародници така е прифатен, а функцијата ја дефинираше поинаку од претходникот: доминацијата на претседателската функција од ерата на Фрањо Туѓман тој ја префрли во полза на парламентарната демократија. Според анкетите, Месиќ ја ужива поддршката и од припадници на владејачката ХДЗ – партија на неговиот претходник Туѓман. Освен тоа, зад Месиќ застанаа практично сите партии од центарот и левицата, па ХДЗ и нејзиниот премиер Иво Санадер самите не веруваат дека можат да го повторат успехот од парламентарните избори.