Металург со убедлив пораз се прости од ЛШ
29 април 2013Ракометарите на Металург со пораз се простија од натпреварите во Лигата на шампиони, откако во реванш четвртфиналниот натпревар во Киелце од истоимената екипа забележаа пораз со 15:26.
Играчите на Лино Червар рамноправен противник беа до 22-та минута (7:7), од тој момент започнаа грешките во нападот, а и одбраната стана порозна. Киелце до полувремето направи серија од 5:1, предноста создадена во првиот дел ракометарите на полскиот шампион во второто полувреме само ја зголемија, а на крајот стигнаа и до двоцифрена предност.
Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец со по четири голови беа најефикасни во редовите на Металург, Дарко Станиќ на голот имаше 10 интервенции. Михал Јурецки со осоум голови беше најефикасниот играч кај Киелце.
Завршниот турнир во Лигата на шампиони ќе се одигра на 1 и 2.јуни во Келн, учество на него изборија Килеце, Барселона, Кил и Хамбург.