Метеорит падна на западот на Куба и предизвика експлозија која беше слушната во повеќе села во провинцијата Пинар дел Рио, изјави член на Националниот астрономски институт. Бројни Кубанци на социјалните мррежи споделија фотографии и видео снимки од падот на метеоритот проследен со блесок вчера во 14:00 по локално време.
Новинари на локалната телевизија, пак, објавија фотографии на камења во големина на тупаница кои паднале во туристичкиот град Вињалес. Преплашените и изненадени жители на градот, излегле на улиците, но властите наведуваат дека нема извештаи за повредени лица.
Метеоритот не предизвикал ниту материјална штета. Според локалните власти камењата по падот единствено оставиле трагови на улиците. Најголемите од нив биле со дијаметар меѓу 20 и 30 сантиметри.
Сѐ на овој свет е минливо, па така и ѕвездите имаат ограничен живот. Она што се случува кога ѕвездите умираат, е небесен спектакл со неописива убавина.
Фотографија: Getty ImagesСекоја година во август, астрономи, љубители на ѕвезди и „ноќни птици“ го вперуваат погледот кон небото. Тоа е време кога паѓаат ѕвездите., кога на небото прелетуваат Персеиди. Тој метеорски рој „произведува“ најмногу комети токму на 12 август.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. RumpenhorstНо, чуму толкава возбуда доколку нешто слично се случува секоја година? Работата е во тоа што годинава имаше одлични временски услови за следење на спектаклот на небото.
Фотографија: MehrВрвот на годинешниот небесен спектакл се случи во четвртокот наутро, меѓу 2 и 4 часот. Но, и било која друг ноќ оваа недела може да биде „ваша“. Само замислете си желба!
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. KarmannНе само што е времето убаво, без облаци- туку и Месечината се накриви на вистинската страна. Сега е млада Месечина, па небото ќе биде мрачно, а ѕвездите убаво видливи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/blickwinkelОвој летен дожд од метеорити потекнува од созвездието Персеј кое пак е остаток од кометата 109П. Секој 12 август, Земјата се вкрстува со тие остатоци од кометите во вселената. Во Средниот век ги нарекувале „Солзи на светиот Лаврентиј“, затоа што тој светец бил измачуван на 10 август 258 година.
Фотографија: Ye Aung Thu/AFP/Getty ImagesОткако Земјата ќе се најде во таа „прашина“, честичките- понекогаш и со големина на игла влегуваат во атмосферата со брзина од 60 километри на час. Тука достигнуваат температура од 3.000 степени Целзиусови и почнуваат да светат. Така се раѓаат ѕвездите паѓалки.
Фотографија: Getty ImagesДоколку сакате и сте во можност, најдобро е некоја од овие ноќи да ги поминете вака...
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul