1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ воведува нов систем на делување

17 јуни 2019

До летните одмори тој систем ќе биде изграден и структурно поставен, ќе се следи работата, ќе се бара одговорност од сите, најави генералниот секретар на СДСМ.

Politik Skopje, Mazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski

Централниот Одбор го задолжи претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев да да не се носи одлука за предвремени парламентарни избори туку да спроведе процес на реконструкција на Владата. Како што изјави премиерот, ваквиот заклучок на ЦО донесен на вчерашната седница одржана во Охрид, се должи на заложбата за „бетонирање на извесната евроинтеграциска иднина на земјата“. „Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето полноправно членство во НАТО, втората важна цел е после 15 години да добиеме датум за почеток на преговорите. Свесни бевме дека меѓувладината седница со ЕУ е во декември, без разлика дали одлуката е во јуни или во октомври. Во декември фактички почнуваат самите преговори, отварањето на поглавјата 23 и 24 и навистина два или три месеци не се толку важни, но важно е да биде конечно донесена одлуката“, изјави Заев.

По извесноста на датумот за почеток на преговори што ја најави по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, Заев вчера изјави дека ќе се фокусира на претстојните кадровски промени, со цел Владата со сиот капацитет да се посветени на домашните реформи и на економските перспективи, кои ги смета за проритет во 2019 година. Од тој аспект, интересот на јавноста е насочен кон следната седница на ЦО што ќе се одржи за една недела, а на која ќе се разговара за партиските предлози за нови министери и раководители. Се очекува осум министри да заминат од Владата, а ќе бидат сменети најмалку 20-тина директори. 

Фотографија: Regierung der Republik Nord-Mazedonien

Под лупа работата на сите

На вчерашната седница на ЦО не беа избрани партиски потпретседатели и уште двајца членови на Извршниот одбор кој брои 18, а вчера вчера доби 16 членови. Од 78 општински организации на партијата, досега се именувани претседатели во околу 40, а ќе следи и изборот на останатите. ЦО донел одлука и за формирање три нови општински огранизации - во Арачиново, Липково и Боговиње, за кои дополнително ќе биде објавен оглас за избор на претседатели. Партијата најави жешко работно лето, а како што рече Генералниот секретар, Љупчо Николовски, ќе има „систем и начин на ново делување на партијата, кои во целост мора да бидат во функција на граѓаните“, со кои под лупа ќе биде работата на министрите, пратениците, градоначалниците, претседателите на Советите и членовите на советничките групи на СДСМ.

„Особено ме радува што организациски ги конституираме органите на партијата кои се битни во нашата работа на терен, а тоа значи дека ова ќе биде лето во кое со сите капацитети ќе бидеме заедно со граѓаните на терен. Ќе го промовираме системот и начинот преку кој ќе ја следиме реализацијата на програмите на градоначалниците, на она што сме го ветиле пред граѓаните. До летните одмори овој систем ќе биде изграден и структурно поставен, ќе се почитува редот и дисциплината, ќе се бара одговорност од сите, со цел со сите сили се насочиме кон релизација на политиките кои се во интерес на граѓаните. Ќе имаме синхронизирано делување на сите наши кадровски потенцијали, ќе направиме ревидирање и ќе се отвориме кон јавноста и капацитетите кои сакаат да се вградат во креирањето на политиките и во следната победа“, најави Николовски. 

ВМРО-ДПМНЕ не верува во „метлата“

Од ВМРО-ДПМНЕ стигнаа пораки дека не веруваат во најавените промени.

„Не постои метлата која ја ветуваа. Тој процес завршува во ново фијаско, каде сосема извесно е дека си создаваат круг каде едни функционери слични на другите ќе си ги заменат фотељите, ако воопшто тоа се случи. Но, таму Заев и неколкумина како него, се проблемот. Народот му спрема метла на Заев, а потоа, потоа треба да се обнови земјата“, порача партискиот претседател Христијан Мицкоски од вчерашната прослава на 29 години од основањето на партијата.

Фотографија: DW/Petr Stojanovski

„Од оваа перспектива две работи се сигурни: Првата - СДСМ паѓа, а втората ВМРО-ДПМНЕ со народот ќе победи. Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите, кога и да се случат, ќе формира Влада со која Македонија ќе оди вистински напред. За добар живот не треба уставна гимнастика, туку многу работа каква што не гледаме од оваа атниреформска и антибизнис влада. Нема датум за преговори не затоа што Европа не не сака, туку затоа што владата не ја бива“, беа дел од неговите критики до власта“, криткуваше Мицкоски.

Притоа повика на трпение, мудрост и такт во политичката битка со власта.  

 „Да одиме чекор по чекор сите заедно од прв до последен и да го поразиме Зоран Заев и оваа негова влада, владата на СДСМ и ДУИ. Ајде прво нив да ги поразиме, да направиме влада која ќе работи макотрпно секој ден и ќе се натпреварува самата со себе за да ја внесе Македонија во европското семејство“, порача Мицкоски,  потенцирајќи дека 29 години ВМРО е чуварот на земјата. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми