1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Метју Нимиц доаѓа во Скопје и Атина

Александар Чомовски5 март 2008

Посредникот на ОН, Нимиц, утре (05.03.08) доаѓа во Скопје на дополнителни консултации со македонскиот државен врв, во обид да се најде компромис пред средбата на министрите за надворешни работи на НАТО в четврток.

Посредникот на ОН, Метју Нимиц во нова мисијаФотографија: Macedonian Information Agency

Нимиц по Скопје оди во Атина на разговори со грчкиот амбасадор во преговорите за името, Адамантиос Василакис.

Во посета на Македонија в четврток доаѓа и еврокомесарот за проширување, Оли Рен. И покрај различните мисии, двете посети имаат и допирна точка – решавањето на грчко-македонскиот спор околу името, што го очекуваат и членките на НАТО и на ЕУ. Македонија игра на картата на својата лојалност кон мисиите на НАТО.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми