1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Мецелдер доби условна казна затвор за детска порнографија

Андреас Штен-Цимонс
29 април 2021

Поранешниот германски фудбалска репрезентативец Кристоф Мецелдер призна дека дистрибуирал материјал кој прикажува сексуално насилство врз деца и млади и доби условна казна затвор во траење од десет месеци.

Düsseldorf | Prozess: Kindesmissbrauch Christoph Metzelder
Кристоф Мецелдер денеска во судот во ДиселдорфФотографија: Michael Gstettenbauer/imago images

Кристоф Мецелдер денеска е осуден на условна казна затвор во траење од 10 месеци. 40-годишниот Мецелдер претходно делумно го призна делото за кое се товари, односно призна дистрибуција на 18 фајлови кои прикажуваат сексуално насилство врз деца и млади. Поранешниот фудбалер беше обвинет и за поседување на околу 300 фајлови, но за нив не даде признание. „Инкриминирачките слики ги имам од интернет страници до кои има слободен пристап. Направив скриншотови и во чет-групи разменував екстремни фантазии“, призна Мецелдер.

Тој тврди дека немало напади врз деца и млади, ниту пак такво нешто било планирано. „Сето тоа се одвиваше во еден дигитален паралелен свет“, рече поранешниот професионален фидбалер во судот во Диселдорф. „Ја прифаќам казната и ги молам жртвите на сексуално насилство за прошка. Со оваа вина ќе мора да живеам како дел од општеството до крајот на животот.“

Адвокат: Во потрага по сексуален „удар“

Судскиот процес против поранешниот германски репрезентативец започна изутринава. Обвинението гласеше - поседување и дистрибуција на материјал кој прикажува сексуално насилство врз деца и млади. Сликите и видеата, како што се вели, прикажувале недвосмислени сексуални дејанија со малолетници, меѓу кои и деца помлади од 10 години. Во еден случај станувало збор за „мало дете“ во многу сексуализирана поза.

Повеќе:

Детска порнографија - дали Германија доволно ги штити децата?

Сексуалното насилство - основен ризик за децата во Германија

Пеколот на детската порнографија

Обвиненијата против Мецлдер беа обелоденети во септември 2019 година. Неговиот адвокат, Улрих Зомер, објаснуваше дека неговиот клиент бил очигледно во потрага по сексуален „удар“ со „работи кои би било подобро да не се чепкаат“. Но, според Зомер, 40-годишниот Мецелдер „се разбира не е“ педофил: „Тоа го знае и обвинителството.“

Прва изјава пред суд

Мецелдер, кој во 2002 година стана вице светски првак со германската фудбалска репрезентација, пред денешниот настап во судот не даваше изјави во јавноста. Пред судот тој ја раскажа својата биографија, својата спортска кариера и зборуваше за својот социјален ангажман, на кој, како што рече, е „многу горд“. „Трети септември 2019 година беше пресек и професионално и општествено и приватно“, рече тој.

Мецелдер ја заврши својата фудбалска кариера во 2013 година. Тој играше за Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Шалке 04. По 2013 година беше ангажиран како ТВ-експерт за фудбал.

Откако станаа познати истрагата и обвинувањата на негова сметка, тој ги стави во мирување сите позиции и ангажмани, а ја напушти и ПР-агенцијата во која беше соосновач. Се откажа и од ДФБ-обуката за фудбалски тренер.

„Господин Мецелдер беше престрашен од самиот себе, од тоа дека има еден вид двоен живот“, тврди неговиот адвокат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми