1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународната заедница очекува напредок во процесот за статусот на Косово

21 септември 2005

Како и кога ќе се реши конечниот статус на Косово? Прашање на кое сеуште нема дефинитивен одговор. Меѓународната заедница сеуште го очекува извештајот на преставникот на ОН за состојбата во покраината, кој треба да преставува појдовна точка за преговори. Европски дипломати во Приштина на лице место ја снимаат состојбата. Српските власти пак во дипломатска офанзива во Њујорк

Седиштето на УНМИК во Приштина
Седиштето на УНМИК во ПриштинаФотографија: DW

Меѓународната заедница очекува напредок во процесот за статусот на Косово изјави Дејвид Гауен во име на евроамбасадорите акредитирани во Белград кои престојуваат во посета на Приштина, со цел на лице место да се уверат во состојбата. Британскиот амбасадор по средбата со Лари Росин заменик шефот на УНМИК изјави дека напредокот во решавањето на статусот директно ќе зависи од извештајот на специјалниот претсавник на ОН Каи Еиде за состојбата која владее во покраината. Гауен притоа упати јасна порака до Приштина и Белград:

„ Ова е период во кој чекаме на извештајот на Каи Еиде и неможеме да прејудицираме каков ќе биде. Истовремено се надеваме дека ќе има напредок во насока на решавање на идниот статус на покраината. Во овој период е потребно прагматичност и заедничко работење„

Изјави Гауен кој ја оцени како корисна средбата во Виена помеѓу преставници на косовската и српската влада за децентрализацијата.

Претходно евродипломатите се сретнаа и со косовскиот премиер Бајрам Косуми, кој им ги пренел неговите очекувања за позитивен извештај од страна на преставникот на ОН. Според Косуми состојбата во покраината е подобрена.

Во меѓувреме српските власти се во дипломатска активност околу прашањето за идниот статус на покраината. Претседателот Борис Тадиќ и српско црногорскиот министер за надворешни работи Вук Драшковиќ веќе втор ден се во САД каде со високи политички преставници разговараат за подобрување на условите и демократските стандарди во покраината и почеток на директни разговори на релација Белград и Приштина. Косовското прашање е единственото за кое министерот Драшковиќ треба да зборува во говорот пред генералното собрание на ОН во Њујорк

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми