33 тимови од целиот свет на игрите во Пекинг наречени Running Robots Game ги демонстрираа способностите на нивните роботи.
Реклама
Кина беше домаќин на првиот меѓународен натпревар на автономни роботи. За само осум минути, автономните роботи требаа да исполнат повеќе задачи што е можно побрзо - тоа беше главната дисциплина на „Running Robots Game 2019“.
Покрај тоа што им помагаат на роботите да се качуваат по sидови и да танцуваат, микрочиповите и алгоритмите во роботите наскоро би можеле да бидат дел од машините што ќе го промени нашиот секојдневен живот. Во натпреварот учествуваат вкупно 33 меѓународни екипи.
Олимпијада на роботи во Кина
01:25
Дводневните натпревари вклучуваа стандардни и натпреварувања во слободен стил. Но, тоа не беше само тест за нивните вештини, туку и за инсталираните чипови и алгоритми зад роботите.
Професорот Ванг Жихуа од универзитетот Синхуа е еден од организаторите кои ги иницираа игрите. „Се надеваме дека ќе изградиме значајна платформа за глобалните млади луѓе повеќе да ја истражуваат вештачката интелигенција и, исто така, обезбедивме награда од 10.000 американски долари за победникот. Со тоа, би сакале да развиме и софтвер и хардвер за овие роботи и постепено да ја прошириме аликацијата за вештачка интелигенција (ВИ) во секојдневниот живот“, вели Ванг.
Роботи во секојдневието
Роботите не само што светкаат и брчат, туку можат и да сервираат јадење! Во Кина тоа веќе е сосема нормално, иако машините би можеле да „научат“ уште по нешто од луѓето-келнери.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Zhang
Што ќе нарачате?
Кина, што се однесува до техничките „зафрканции“ е често меѓу лидерите во светот. Корисно или само оригинално? Тоа е споредна работа. Роботите, како на фотографијата, веќе преземаат келнерски задачи во ресторан.
Фотографија: picture-alliance/epa/P. Hilton
Јадењето е готово!
Се разбира, малите хуманоидни машини се извонредни за носење на готовото јадење на маса. Предноста е што роботите никогаш не се уморни, а и не мрморат - тие едноставно си ја вршат работата. Само што, кога гостите сакаат на нешто да се пожалат, станува компликувано...
Роботите се употребуваат не само за служење на гостите, туку и за готвење. Притоа, нивната дејност е ограничена само на подгревање на веќе зготвени јадења. Подготвувањето и готвењето мора да го преземат нивните колеги-луѓе.
Но не сите роботи во рестораните изгледаат многу човечки. Овој робот на фотографијата, на пример, нема глава, раце или нозе. Тој е составен така за да си ја завршува работата, без многу детали. Но со оглед на тоа што е наменет за работа во кујна, а не за сервис, тоа и не е важно.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Добри се и за забава...
Во робот-ресторанот во близина на Шангај машините се задолжени и за забава на гостите. Програмата за забава е добро прифатена од муштериите. Така барем може да се заклучи од нивните коментари на интернет: „Шоуто ми се допадна - храната не чини“ или „Храната во овој ресторан е споредна работа“.