1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународни реакции за Косово

8 февруари 2007

Планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари за решавање на косовскиот проблем и натаму го привлекува вниманието на меѓународната јавност. Очигледно, тој наиде на прифаќање меѓу релевантните фактори:

Кондолиза Рајс: САД ги поддржуват напорите на Ахтисари
Кондолиза Рајс: САД ги поддржуват напорите на АхтисариФотографија: AP

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс вчера изјави дека Содиентите Американски Држави го поддржуваат брзото решевање на идниот статус на Косово. Во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом, Рајс изјави дека колку повеќе се одолговлекува, толку повеќе растат изгледите за распаѓање на поредокот во покраината. Таа рече дека нејизната земја силно ги поддржува напорите на специјалниот пратеник на Обединетите нации Ахтисари. САД соработуваат со Русија и другите европски земји за да се спроведе неговиот предлог, рече Рајс. Според неа, меѓународната заедница треба да го поддржи исходот од винеските преговори на делегациите на Белград и Приштина на кои ги повика Ахтисари, пред да ја подготви конечната верзија на планот што ќе го достави до Советот за безбедност.

Шефовите на дипломатиите на Австрија и Шведска, Урсула Пласник и Карл Билт ги повикаа вчера лидерите на Србија и Косово да дојдат во Виена на состанокот со Ахтисари и да покажат добра волја во преговорите за неговиот план. „Не очекувам да одржат голема церемонија или да се бакнуваат и прегрнуваат, но двете страни мораат да работат заедно за да се постигне решение со кое ќе можат да живеат„, изјави Билт по средбата со неговата австриска колешка Пласник.

Шефот на УНМИК на Косово Јоахим Рикер во интервју за Дојче веле зборувајќи за личните впечатоци, дали на луѓето на Косово вистина им е до независност изјави:

„Мислам дека тоа е сосем јасно. Тоа е она што го сака мнозинството иако сите гледаат дека тоа нема автоматски да ги реши сите проблеми. Проблемите на економски и социјален план бараат време, но тоа е вистинската претпоставка за напредок не само во натамошната интеграција на малцинствата, на пример на косовските Срби, туку и на економски план„. Инаку Рикер и Ахтисари денеска во Њујорк ќе разговараат со новиот генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Косово ќе биде тема и на денешната средба на министрите за одбрана на НАТО во Севилја. Според зборовите на високи претставници на НАТО во Брисел, тоа ја вклучува обврската на алијансата да ги засили подготовките за улогата по решавањето на статусот на Косово. Како што се вели, министрите ќе ја потврдат решеноста да се зачува безбедноста на Косово во текот на претстојниот чувствителен период кога ќе се решава конечниот статус.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми