1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓу спортот и верата

Камила Јаржина / Александра Трајковска 20 јули 2012

Исламскиот месец на постот Рамазан за верниците пропишува строги правила. За некои муслимани годинава може да се отвори дилема, особено за врвните спортисти. Рамазан почнува точно во неделата кога се отвораат ЛОИ.

Фотографија: Reuters

Махер Абу Рмеиле, Палестинецот сонува за олимписки медал во џудо. За да ја исполни целта стигнува до своите граници, и покрај тоа што големата манифестација се одржува среде исламскиот месец на постот Рамазан: „Спортот нема никаква врска со постот, со Рамазан или слично. Спортот е спорт, независно од празниците."

Сепак, речиси 3.000 учесници на Олипијадата со муслиманска вероисповед мора да се одлучат меѓу верата и спортот - меѓу нив и Британецот Мохамед Сиби. Веслачот за сметка на успехот ќе се откаже од постот и се надева дека тоа е потег кој ќе послужи за пример:

„Јас сум првиот муслиман кој ја практикува верата, кој ќе весла за Велика Британија. Од една страна тоа е чест, од друга страна е штета. Посакувам да има повеќе веслачи муслимани. Вака можам само да се надевам дека ќе поттикнам повеќе муслимански деца да му се приклучат на овој спорт."

Мисли кои ги споделува со џудистот Абу Рмеиле. За Палестинецот спортската амбиција секако дека може да се поврзе со религијата.

„Учените велат дека при настани како овој секако е можно откажување од постот, ако постот подоцна го надоместиме. Постот и молитвата се обврска.“

Не спортот или верата, туку спортот и верата, тоа е она што ги обединува учесниците на Олимпијадата со мулсиманска вероисповед.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми