1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓу Фатах и Хамас

5 јануари 2006

По десет години Палестинците повторно излегуваат на парламентарни избори. Без оглед на неизвесноста околу терминот за одржување на изборите во палестинските автономни подрачја започна изборната кампања.

Кому да се даде гласот?
Кому да се даде гласот?Фотографија: AP

Повеќе политички партии од веќе започнаа да лепат плакати и одржуваат митинзи, при што најистакнати се претставниците на радикалните исламисти Хамас. Движењето Фатах на претседателот Махмуд Абас во меѓувреме повеќепати побара одлагање на терминот страхувајќи дека ќе добие помалку гласови од Хамас.

Кога во 1996 година беше избран првиот палестински парламент, се сметаше дека тоа ќе се прави секои четири години. Целиот свет се понадева дека тоа претставува почеток кон демократско општество. Или, со зборовите на тогашниот американски потпретседател Ал Гор:

„Претседателот Арафат ме убедуваше дека е решен по овие избори да востанови палестински совет што ќе го унапредува процесот на изградба на институции и ќе и даде шанса на демократијата„.

Десет години подоцна треба да се одржат првите нови избори. Јасер Арафат веќе го нема, демократија не се етаблираше и се уште се страда од последиците на крвавата конфронтација со Израел од времето на втората Интифада. За 132 места се натпреваруваат шарени политички партии и поединечни кандидати без јасна политичка програма, особено не за клучното прашање: како да се постигне мир во регионот.

Место тоа барања за повеќе транспарентност и против корупцијата. Барања што и по десет години неограничено владеење на Фатах се сосема оправдани. Ова движење се почесто се наоѓа под критика зашто власта ја користеше во сопствен инетерес, а сите барања за реформи и расчистување со старата гарда останаа без резултат: по смртта на Арафат Абас стана претседател и шеф на Фатах, но се покажа преслаб да ги запре младите и само со мака спречи распаѓање на Фатах на повеќе групи, меѓу нив една и под водство на Марван Баргути кој се наоѓа во затвор во Израел.

Единството беше одржано зашто се страхува од се посилната група: исламскиот Хамас. Во 1996 Хамас не можеше да настапи на изборите и беше застапен од група независни кандидати. Тоа за Арафат тогаш не беше предизвик. На прашањето дали ќе добие 70,80 или 90 насто одговараше со насмевка:

„Претпочитам 51 насто„.

Наследниците на Арафат не се толку сигурни: Хамас неодамна впечатливо ги доби општинските избори, дури и во тврдините на Фатах. Во појаст Газа Хамас во секој случај одамна е многу силен. Организацијата која сега официјално настапува како партија доби многу симпатии со креативна работа, важи за непоткуплив непријател на секоја корупција, но истовремено е непомирилив непријател на Израел и натаму бара негово уништување. Со стотици напади постојано провоцираше изралески противнапади, а неговата најава за крај на примирјето за многумина Палестинци може да биде предупредување дека силен Хамас во идниот парламент може повеќе да им штети отколку да им користи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми