1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј: Доста е!

ЕМФ /дпа/ртр/афп
4 јуни 2017

Британската премиерка Тереза Меј им најави војна на исламистите и рече дека е крајно време да се каже: „Доста е!“

Theresa May London Ansprache
Фотографија: picture alliance/dpa/A.Matthews

Велика Британија, според британската премиерка Тереза Меј, има направено голем напредок во борбата против тероризмот. Сепак, таа во својот телевизиски говор денеска најави нови, поостри мерки против тероризмот. Меј смета дека е крајно време да се каже: „Доста е!“

По третиот терористички напад во Велика Британија за само неколку месеци, не смееме да се правиме како да можеме да продолжиме како досега, рече британската премиерка.

Она што е неопходно, потенцираше таа, е јасна осуда на идеологијата која е во позадината на насилството, нови закони за контрола на интернет, овластувања за безбедносните сили кои ќе бидат доволно широки за да има успех во борбата против тероризмот и, ако е потребно, повисоки казни и за помали кривични дела. Меј ги повика Британците заедно, како општество, да му најават борба на екстремизмот.

Премиерката соопшти дека парламентарните избори ќе се одржат според планираното, во четврток, и дека привремено прекинатата кампања ќе продолжи од утре. Не смее да се дозволи насилството да го стопира демократскиот процес, нагласи Меј.

Тројца атентатори вчеравечер влетаа со транспортно возило во пешаци на Лондон Бриџ, по што со ножеви нападнаа минувачи кај Бороу Маркт. Притоа беа убиени седум лица, а повредени се десетици.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми