1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј - единствена кандидатка за наследник на Камерон

ЖА/дпа/афп/ртре11 јули 2016

Во трката за наследник на британскиот премиер Дејвид Камерон, се повлече државниот секретар за енергетика, Андреа Лидсом, отворајќи пат лидерското место да го преземе министерката за внатрешни работи, Тереза Меј.

Фотографија: Getty Images/C. Furlong

Според изјавата која ја даде Андреа Лидсом, таа не чувствува доволно поддршка за водење силна и стабилна влада. Со нејзиното повлекување, сега како единствена кандидатка останува министерката за внатрешни работи Тереза Меј, најверојатно нов лидер на конзервативците, а со тоа и премиер.

При неочекуваното повлекување, Лидсом истакна дека Меј е во најдобра позиција „да го спроведе британскиот Брегзит под најповолно можни услови за британскиот народ.“ Таа вети целосна поддршка на Меј. „Во моментов ни е потребно силно водство кое ќе го реализира повлекувањето на земјата од ЕУ“, рече Лидсом. Тереза Меј денеска повторно одби спроведување втор референдум за останување на Обединетото Кралство во ЕУ, исто како и обид за повторен влез преку „мала врата“.

Андреа Лидсом го соопшти повлекувањето на кандидатуратаФотографија: Getty Images/C. Court

Промената на врвот побрзо од очекуваното

По откажувањето на Лидсом, Конзервативната партија планира побрзо именување на Меј за премиер. Постапката нема да трае девет недели, колку што првично се планираше, туку многу бргу ќе биде спроведена до крај, изјави претседателот на надлежната партиска комисија, Греам Брејди, без да наведува конкретен датум.

На веројатно идната премиерка Меј ќе ѝ припадне задачата да преговара со ЕУ и земјите членки околу деталите на британското повлекување од Унијата.

Британците на референдумот на 23 јуни со мнозинство гласови се изјаснија за „развод“ од ЕУ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми