1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј зборува за „терористички напад“

ЕМФ /агенции
19 јуни 2017

Британската премиерка Тереза Меј го осуди нападот врз муслимани во Лондон, нарекувајќи го одвратен.

Großbritannien Theresa May zum Angriff auf eine Moschee in London
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Dunham

Британската премиерка Тереза Меј го осуди нападот што се случи ноќеска пред една џамија во Финсбери Парк, во Лондон. Тоа е „одвратен“ обид за уништување на слободите како што е слободата на вероисповед, оцени Меј.

Таа зборуваше за „терористички напад“ насочен против нормалните граѓани и недолжните. Земјата нема да се подели поради овој напад, уверува британската премиерка, која го осуди екстремизмот од секаков вид.

„Нема да нѐ поделат“

00:28

This browser does not support the video element.

Меј информираше дека 48-годишниот напаѓач, кој е уапсен, е белец. Полицијата во овој момент смета дека дејствувал сам. Претходно очевидци за Си-Ен-Ен изјавија дека виделе и втор човек како бега од местот на злосторството.

Нападот, во кој напаѓачот со транспортно возило влета во толпа луѓе кои излегувале од вечерна молитва за Рамазан во џамијата во Финсбери Парк, се случи околу полноќ. Едно лице загина, а најмалку десетмина се повредени. За смртта на лицето сѐ уште се води истрага, велат од Скотланд Јард, затоа што е можно смртта да настапила пред нападот. Имено, возачот на транспортното возило, како што се вели, го насочил автомобилот кон групата луѓе кои се обиделе да му помогнат на мажот кој се онесвестил пред џамијата. Двајца од повредените се во тешка состојба.

Жителите во населбата раскажуваат за хаотични сцени по нападот, а очевидците тврдат дека возачот при нападот извикувал: „Ќе ги убијам сите муслимани.“ Напаѓачот бил совладан од групата луѓе пред џамијата, кои го држеле додека стигнала полицијата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми