1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј нуди гласање за одлагање на Брегзит

ЕМФ / дв
26 февруари 2019

Британската премиерка Тереза Меј досега тврдеше дека излегувањето на земјата од ЕУ не смее да се одолговлекува, но сега попушта - за да спречи револт.

Großbritannien London Theresa May im Unterhaus
Фотографија: picture-alliance/PA Wire/House of Commons

Британската преемиерка Тереза Меј на парламентот во Лондон му понуди евентуално гласање за одлагање на излегувањето на земјата од ЕУ. Таа би го отворила таквиот пат доколку доживее пораз при планираното гласање за Брегзит-договорот и излезот од Европската унија без договор, рече денеска Меј во Долниот дом на британскиот парламент.

Премиерката тврди дека и натаму стреми кон регулиран излез од Унијата. Доколку парламентот на 12 март повторно го отфрли договорот со ЕУ, Меј на гласање ќе ја стави опцијата за нерегулиран излез од Унијата. Доколку во парламентот не помине ниту опцијата за т.н. „тврд Брегзит“, пратениците на 14 март ќе гласаат за одлагање на Брегзитот. Одложувањето би требало да важи за најмногу неколку месеци, до крајот на јуни.

Повеќе:

Британски фирми се „вооружуваат“ за тврд Брегзит

Брегзит ја парализираше Британија

Брисел нема нова понуда за Меј

Парламентот во јануари со мнозинство гласови го отфрли договорот што Меј го постигна со ЕУ. Критиката на пратениците се однесуваше најмногу на прашањето на т.н. „бекстоп“. Притоа, се работи за гаранција дека меѓу Република Ирска и Северна Ирска, која припаѓа во Обединетото Кралство, нема да има цврсти граници со царински контроли. Противниците тоа го отфрлаат затоа што стравуваат дека Велика Британија на тој начин ќе остане трајно врзана за ЕУ.

Без согласноста од Долниот дом на парламентот договорот за Брегзит не важи. Доколку Лондон пак излезе од Унијата без договор, се закануваат големи економски и политички проблеми не само за Велика Британија, туку и пошироко.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми