Милан и Ливерпул играат за пехарот во Лигата на шампионите
23 мај 2007“Поразот се’ уште пече во нашите срца”, вели тренерот на Милан Карло Анчелоти. Пред две години во Истанбул ни водството од 3 спрема 0 уште во првото полувреме не му беше доволно на неговиот тим за освојување на пехарот. Ливерпул направи пресврт за само 6 минути, а потоа беше поуспешен во изведувањето пенали. Такви моменти не се забораваат. "Дојде часот за реванш", порачува Кларенс Зедорф.
18-кратниот англиски првак Ливерпул нема толку проблеми со ваквите закани, колку со понижувачките изјави од страна на Италијанците. "Ливерпул игра како италијанските клубови пред 10 години", рече Пипо Инзаги. Противникот од полуфиналето Манчестер Јунајтед е вистински фудбалски тим, а не Ливерпул, коментира Џенаро Гатузо. "Црвените" се најслабиот од трите англиски тимови што се најдоа во завршницата, оцени тренерот Анчелоти. На сево ова Стивен Џерард мирно возвраќа: Ако настапиме како во текот на целата сезона во Европа, ќе му биде тешко на Милан.
Во Атина наводно цената на билет за натпреварот на црно оди од една до 9 илјади евра. Полицијата изутрината уапси Англичанец кој продавал 50, како што потоа се покажа, фалсификувани влезници за вкупно 58 илади евра. Ноќеска дојде до тепачка од помали размери меѓу групи италијански и англиски навивачи. Но, се’ на се’, досега е мирно.