1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милениумскиот самит на ОН

16 септември 2005

Германските дневни весници во денешните изданија го коментираат јубилејниот милениумски самит на ОН на кој пропадна обидот за реформа на светската организација

Весникот „ Хановерише Алгемајне„ во коментарот забележува:

„ Оставена е на цедило, клучната точка за реформи на ОН, односно проширување на Советот за безбедност. Во меѓувреме во Њујорк отворено се зборува за тоа дека проширувањето на Советот за безбедност со Германија, Јапонија, Бразил, Индија, Јапонија и две африкански земји, пропадна и заради германската надменост. Африканците не го прифатија тоа што Берлин неповикан се престави како застапник на интересите на „малите и сиромашните„ африкански држави. Африканците не сакаа да учествуваат во обидот да бидат деградирани во гласачка стока„ закључува „ Хановерише Алгемајне„

„ Ноје Оснабрикер Цајтунг„ на истата тема пишува:

„ Оној кој се чуди на закључоците на најголемото собрание на ОН во неговата историја, тој ги затвора очите пред разликите во моќта и интересите кои го карактеризираат меѓународниот систем. Доколку Иран, Северна Кореа и САД, како и останатите 188 држави се согласат во борбата против тероризмот, ртрговија со оружје и режими во кои луѓето се мачат, тоа значи дека на крај можат да излезат само празни фоскули„ пишува во коментарот „ Ноје Оснабрикер Цајтунг„

„Вестдојче Цајтунг„ на истата тема коментира:

„ Се разбира дека сега повторно за збор се јавуваат оние сезнајковци кои велат дека овој слаб реформски документ е подобар отколку никаков. Тие меѓутоа се лажат доколку веруваат дека решавањето на главните проблеми може да се пролонгира на подолг рок. Бидејќи нема ниту една држава која може да твдри дека самата може да се пресмета со тероризмот и сиромаштијата, односно да се справи со климатските промени или ширењето на атомското вооружување. Дури и владата на Џорџ Буш, без разлика дали станува збор за Ирак или Љу Орлеанс, е упатена на меѓународните сојузници„ закључува весникот „ Вестдојче Цајтунг„

Германските весници во денешните изданија ја коментираат и предизборната атмосфера во Германија воочи предвремените парламентарни избори в недела на 18 Септември. „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ во коментарот забележува:

„И покрај богатите сценски настапи, изгледа дека на Герхард Шредер и Јошка Фишер нема да им појде од рака да ја вратат довербата меѓу бирачите во нивниот сојуз. Главниот извор од кој социјалдемократите и зелените пиеа вода, како да пресушува во последните метри од изборната трка. А партиите од Унијата се обидуваат барем во финишот да засеат сомнеж во нивното единство и победнички морал„ закључува во денешниот коментар весникот „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми