1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милер и Робен се погрижија за добар старт на Бајерн

ЕМФ/сид23 август 2014

Фудбалските ѕвезди од Светското првенство, Милер и Робен, на рекордерот во освоени титули Бајерн му донесоа победа на стартот на новата сезона на Бундеслигата. Бранителот на титулата одигра 2:1 против Волфсбург.

Фотографија: Getty Images

Победата против Волфсбург не е постигната на натпревар на кој играчите на Бајерн брилираа, но сепак е заслужена.

Бајерн поведе во 37. минута со голот на Томас Милер. Десет минути подоцна на 2:0 зголеми Арјен Робен. Поразот на Волфсбург го ублажи Ивица Олиќ со извонреден гол во 57. минута.

„Беше важно првиот чекор во сезоната да биде успешен. Игравме сосема добро и победивме заслужено“, оцени новајлијата во тимот од Минхен, Хуан Бернат. Робен пак, рече: „На ваков натпревар треба да се победи, тоа е најважно - трите бода.“

Од претпоставуваниот „тежок“ старт за Бајерн, малку нешто се почувствува само во почетната фаза на натпреварот и во средината до второто полувреме. И покрај тешките подготовки на тимот, со повредени играчи и хендикепот што фудбалерите кои играа на СП во Бразил на подготовките се појавија дури пред 2,5 недели, минхенчани зрачеа со доминантност, онака како што гледачите се навикнати да ги гледаат. Волфсбург доцна почна со офназивна игра и беше уште еднаш поразен на Алијанц Арената пред 71.000 гледачи. Во последните 21 натпревари, Бајерн само еднаш има загубено од Волфсбург.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми