1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милиони евра од бизнисот со чоколадни зајаци

ЕМФ/дпа29 март 2013

Германските трговци задоволно ги тријат рацете - бизнисот со чоколадни зајаци и другите слатки за Велигден донесе рекордни добивки!

Фотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

Среќен Велигден за трговијата со слатки - приходите пред празникот годинава се рекордни. Иако е се‘ уште рано да се прави точна проценка, бизнисот оди многу добро, вели претседателот на Сојузот на трговијата со слатки производи „Свитс Глобал Нетворк“, Ханс Штромајер. Тој за агенцијата ДПА вели дека се очекува плус во однос на минатата година.

Во 2012 година слатките производи за Велигден на германските трговци им донесоа обрт од 436 милиони евра, или најмногу во историјата. Оваа година расположението за купување слатки е уште поголемо, пред се‘ поради студеното време, оценува Штромајер. Потрошувачите сакаат со велигденските производи да го најават доаѓањето на пролетта.

Приходите од чоколадни зајаци во последната деценија се зголемиле од 75 на 112 милиони евраФотографија: Koelnmesse Bilddatenbank

Велигденската сезона, генерално, станува се‘ поважна за трговијата во Германија. Пред се‘ добро се продаваат класичните чоколадни зајаци. Во продавниците годинава биле донесени 190 милиони примероци, или десет милиони чоколадни зајаци повеќе од лани. Во периодот од 2003 до 2012 година приходите од чоколадни зајаци се зголемиле од 75 на 112 милиони евра. На значење се‘ повеќе добиваат и велигденските производи направени од висококвалитетно чоколадо од еколошко производство, кое стигнува во Германија преку фер трговијата. Германија извезува 40 проценти од произведените чоколадни зајаци. Најмногу се извезува во европските соседни земји, но и во САД, нагласува Штромајер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми