Саудиска Арабија пречекува муслимани од целиот свет на најголемиот светски собир на почетокот на верскиот ритуал. Годинешниот аџилак има и големо политичко значење.
Реклама
Околу два милиона муслимани од целиот свет денеска пристигнуваат во најсветото место на исламот - Мека во Саудиска Арабија за годишниот аџилак. Како еден од петте столбови на исламот, секој муслиман кој е во можност треба да го изврши петдневниот ритуал барем еднаш во текот на својот живот.
Годинава, аџилакот доби на политичка тежина откако саудискиот крал одлучи да им додели визи на сите аџии од ривалот Катар, и притоа ќе ги плати и нивните трошоци. Дополнително, годинава ќе се вратат и аџиите од Иран, по едногодишната пауза. Иран одлучи да не испраќа свои граѓани во Мека по смртоносното стампедо од 2015 година и судирот со Саудиска Арабија поради егзекуцијата на еден шиитски свештеник.
Повеќе од 100 илјади припадници на безбедносните служби годинава ќе се грижат за безбедноста на аџиите.
Властите тврдат дека се преземени сите мерки за да се спречат инциденти и стампеда како она во 2015 година, во кое загинаа повеќе од 2.000 луѓе.
Што е аџилак?
Аџилакот е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман кој е во можност треба да го изврши петдневниот ритуал барем еднаш во текот на својот живот.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Hamra
Милиони муслимански аџии
Аџилакот се одржува еднаш годишно во Мека - најсветото место за муслиманите. Секој возрасен муслиман кој е во можност треба да го изврши петдневниот ритуал барем еднаш во текот на својот живот. Истовремено, тоа е и најголемиот собир на луѓе во светот, на кој присуствуваат повеќе милиони верници.
Фотографија: picture alliance/dpa/Y. Arhab
По патеките на пророкот
Поврзан со животот на исламскиот пророк Мухамед, кој бил роден во Мека, аџилакот има илјадагодишна традиција. Неколку милиони аџии извршуваат серија ритуали во период од пет до шест дена. Прво се молат пред Големата џамија, каде е сместена Кабата - објект во форма на коцка прекриена со црна свила. Тоа е најважниот храм во исламот.
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Gharabli
Каменување на ѓаволот
Аџиите патуваат во селото Мина за да се молат и да го читаат Коранот. Следниот ден го минуваат на планината Арафат, каде пророкот Мухамед ја одржал последната проповед во која побарал прошка. На враќање кон Мека, аџиите застануваат на рамнината наречена Муздалифах за да соберат камења со кои потоа симболично го каменуваат ѓаволот.
Фотографија: picture-alliance/AA/O. Akkanat
Кружење околу Кабата
На крај, по враќањето во Мека, аџиите кружат околу Кабата седум пати, со што завршува нивниот аџилак. Потоа ги бричат главите и жртвуваат животни пред да почнат да го слават муслиманскиот празник Курбан Бајрам или Фестивалот на жртвата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Hamra
Трагедии за време на аџилакот
Од1987, повеќе од 5.800 луѓе загинаа во стампеда, пожари, уривање на згради за време на аџилакот. Во 2015, во стампедо загинаа 2.400 луѓе со што стана најголемата катастрофа во историјата на аџилакот. Аџилакот често е опасен и поради бројните инфективни болести.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot
Спојување на традицијата со модерното
Иако аџилакот е најстариот и најважниот ритуал во исламот, и тој полека влегува во модерните текови. Саудиската влада користи најнова технологија за да спречи турканици и оштетување и уривање на објекти. Аџилакот се пренесува во живо и на Јутјуб, а Гугл и АјТјунс изработија специјални апликации кои им помагаат на аџиите подобро да ги разберат традициите и ритуалите.