1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милијарди за помалку бегалци

Барбара Везел/сн5 февруари 2016

Меѓународната заедница вети 9 милијарди евра, за помош на сириските бегалци во соседните земји. Но со пари нема да се постигне мир, смета Барбара Везел.

Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Hamzeh

Оваа донаторска конференција имаше две цели: една беше хуманитарната неопходност, на организациите на ОН да им се дадат доволно пари, за да можат сириските бегалци во соседните земји барем да бидат нахранети доволно нахранети. Срам е за меѓународната заедница, тоа што дневните порции храна за бегалците во изминатата година мораа да бидат преполовени, зашто хуманитарците немаа доволно пари. Втората причина за придвижување е луѓето да бидат задржани во регионот, бегалскиот бран кон Европа да биде запрен. Тоа можеби изгледа егоистично, но политички е легитимно.

Помошта доаѓа предоцна

Прашање е само, зошто западните држави дури пет години по почетокот на кризата утврдија дека соседните земји како Јордан и Либан се оптоварени далеку преку нивните сили и оти им се заканува политичка дестабилизација? Зошто Ангела Меркел, Дејвид Камерон и нивните кологи за сириското праашње со однесуваа како деца, кои ги затвораат очите, во надеж дека нема да мораат да видат ништо? Доколку пред две или три години беа понудени концентрирана помош и доволно пари, ситуацијата во бегалските кампови и во градовите на соседните земји немаше да биде толку очајна, колку денес.

Парите не носат мир

Меѓутоа големите зборови на донаторската конференција во Лондон не можат да ја замаскираат ужасната ситуација: штотуку се заканува нов бегалски бран, зашто постојаните бомбардирања го отсекоа коридорот за снабдување кон Алепо. Русија и Асад го користат секој ден, за да постигнат факти на теренот, пред да започнат можеби новите мировни преговори во Женева. Колку повеќе луѓе ќе бидат убиени од страна на воените злосторници во дамаск и нивните Московски помагачи, толку помали ќе бидат шансите за брзо политичко решение. И Западот предводен од САД, стои настрана и ги крева рамениците. Нема причина, сега да си се тапка по рамениците поради помошта во милијарди. Лондон, Берлин и останатите пропуштија да интервенираат навремено, зашто имаа страв од воено замешување. Затоа сега се само беспомошни набљудувачи на страдањето на другите.

Барбара ВезелФотографија: Georg Matthes

И во 2016 година, бегалци ќе доаѓаат во Европа

Да се создадат работни места и услови за училишно образование за бегалците во соседните земји е без двоумење исправно. Но додека таквите програми да почнат да дејствуваат ќе мине време. Покрај тоа сѐ повеќе луѓе мора да бегаат од Сирија. Сѐ помалку пак можат да најдат прибежиште кај соседните земји, и покрај новата помош во милијарди. Во Јордан и во Либан бродот е навистина полн. Напливот на бегалци во Европа значи нема да запре во миг, сѐ додека беснее војната. Во малиот Јордан во меѓувреме секој петти жител е бегалец од Сирија и ситуацијата некако успева да остане мирна. Во богатата Европа со една милијарда жители, еден милион бегалци веќе доведоа до политички нервни испади и хистерични состојби кај населението. Ангела Меркел во врска со ова уште еднаш ги потсети Европејците на нивните хуманитарни обврски. Нејзината популарност во анкетите можеби и натаму паѓа, но германската канцеларка во основа има право со нејзината политика. Таа заслужува поголема поддршка.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми