1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошевиќ свесно земал погрешен лек?

14 март 2006

Се претпоставува дека Милошевиќ со непрепишаниот лек сакал да принуди да биде испратен на лекување во Русија,што Хашкиот трибунал не му го дозволи.

Природна смрт или калкулација?
Природна смрт или калкулација?Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ кој во саботата почина во ден Хаг,веројатно земал штетни за него лекови.Како што е потврдено,медицинарите уште пред неколку недели во примерокот од неговата крв откриле траги од лек против лепра и туберкулоза.Ова средство може да ги направи неделотворни лековите против високиот крвен притисок и срцевите проблеми,кои му беа препишувани на Милошевиќ од неговите лекари.Се претпоставува дека Милошевиќ со непропишаниот лек сакал да принуди да биде испратен на лекување во Русија,што Хашкиот трибунал не му го дозволи.

Во Ден Хаг сеуште не е конечен извештајот од анализата на различните лекови и нивното дејство,што веројатно предизвикало срцев удар кај Слободан Милошевиќ.Но,постојат сомневања дека Милошевиќ свесно самиот го влошувал своето здравје.Хајкелиен Веријн Стјуарт е судски репортер и го следи процесот против Милошевиќ од почетокот,таа вели:

-Тој ја инсценираше својата смрт,знаеше токму какви реакции ќе предизвика со тоа и дека Трибуналот ќе биде немоќен.

На денот на обдукцијата се зголемија укажувањата дека Веријн Стјуарт има право.Еден токсиколог од Гронинген потврди дека по налог на Трибуналот во јануари правел анализа на примерок од крвта на Милошевиќ.Судот сакал да знае какви лекови примал тој и какви дејства предизвикуваат тие,што крвниот притисок е постојано висок.

Поради високиот крвен притисок и другите проблеми инаку Милошевиќ сакаше да биде пренесен во специјална клиника во Москва.

-Многу провиден план,смета токсикологот професор д-р Доналд Угес..Медицинарите пронашле во крвта на 64 годишниот обвинет трагови на Рифампицин,лек против туберкулоза:

-Тоа никој не би го помислил,при нормална анализа тоа воопшто не би се испитувало.Москва рекла,гледате,Холанѓаните не можат да го регулираат ова,не можат да го симнат високиот крвен притисок.Пратете ни го обвинетиот.Се разбира,тие потоа би ја прекинале употребата на Рифампицинот.

Дали руските пријатели му советувале на Милошевиќ да го влошува своето здравје со манипулацијата со антибиотици?

До конечниот извештај на токсиколозите ова е сепаксамо една од многуте теории.Истовремено во Москва и во Белград се шири друга верзија,дека Милошевиќ бил убиен,што е се поневеројатно.

Во меѓувреме адвокатот на семејството Милошевиќ изјави дека тој ќе биде погребан во Белград.

Таму па владее спор околу тоа каде да биде погребан поранешниот југословенски и српски претседател.Градското раководство одби погреб во алејата на заслужните,што го предложи Социјалистичката партија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми