1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски: Бугарскиот предлог заслужува да биде разгледан

12 март 2010

Нацрт договорот на Бугарија за унапредување на добрососедските односи се анализира во МНР и во други институции кои може да дадат свое мислење, а потоа ќе излеземе со став и реплика, изјави министерот Антонио Милошоски.

Антонио МилошоскиФотографија: Dragan Todorovski

„Очекуваме ваквите договори да донесат корист за двете страни и да не создаваат дополнителни контроверзи во јавноста тука и во Република Бугарија“, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Според него, секоја добронамерна иницијатива заслужува да биде разгледана на доверлив начин за да се извлече некаква полза. Милошоски нагласи дека е „многу поважно како се однесуваме едни кон други во конкретни ситуации“.

Според макеоднскиот министер за надворешни работи, приоритет на Република Македонија и Република Бугарија е недовршениот Коридор 8. „Тоа е нашиот најсериозен предизвик. Ако успеат двете влади сега или во иднина тоа да го компензираат и да го надоместат тогаш може да се пофалиме дека сме направиле сериозен и суштински напредок во односите“, смета шефот на македонската дипломатија.

Милошоски вели дека европските интеграции не се корисни само за Македонија, туку и за регинот и за соседството. „Очекувам да бидат поддржани и од соседството и од Република Бугарија затоа што одговорноста на земјите-членки на ЕУ е да го поддржуваат кредибилитетот на самата Унија и да придонесуваат за нејзината политика“, одговори Милошоски прашан од новинарите - што доколку не биде потпишан овој договор и Бугарија тоа пред ЕУ го прикаже како акт против добрососедските односи.

Шефот на дипломатијата вели дека одредени зголемени активности на тој план има и од Словенија, и од Австрија и од Република Грција. „Не би било лошо и Република Бугарија, како земја членка на ЕУ од овој регион, да има проактивна политика којашто ќе го поддржува и ќе дава иницијативи за европското проширување во регионот“, оцени Милошоски.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми