1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара начин да го врати уставното име

БГ
21 октомври 2019

Поранешниот министер за надворешни работи Милошоски во интервју за германскиот весник најавува дека неговата партија разгледува можности за враќање на уставното име доколку дојде на власт. Проширувањето е клинички мртво!

Wahlen in Mazedonien Antoni Milososki
Фотографија: MIA

Комплицирано е, но постојат начини да се врати старото уставно име, вели во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг, поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„Постојат начини да и го вратиме на државата нашето старо уставно име ’Македонија’. Сепак, сите тие се многу комплицирани. Една можност би била нашиот Уставен суд да го прогласи договорот за ништовен и неважечки. Ова може да се направи врз основа на минатогодишниот референдум, на кој немаше мнозинство за укинување на старото име“, вели Милошоски. Како втора опција, Милошоски ги споменува пратениците кои „под закана и притисок, против својата волја гласале за преименувањето“.
„Доколку тие (пратеници, н.з.) најдат храброст по промената на власта, јавно да проговорат за тоа и да сведочат пред Јавното обвинителство, тоа може да ја промени атмосферата и да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот за враќање на стариот Устав“, објаснува Милошоски.

Тој е критичен кон владата затоа што не побарала „силни гаранции“ оти со промената на името ќе добие ЕУ перспектива.
„Да потпишете важен договор без притоа да добиете силни гаранции е исто како да се согласите на ампутација на ногата, без притоа да побарате второ или трето мислење. Откако ќе направите таква грешка, ногата е отидена и сеедно е колку долго и гласно ќе плачете потоа“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време.
„Реалноста е дека за Франција и други земји-членки, проширувањето на ЕУ не е приоритет, туку се смета за товар. Под такви околности,полноправното членство во ЕУ во следната деценија е затворено- а можеби и за уште подолг период“, проценува Милошоски.

Тој го прогласува процесот на проширување „за клинички мртов“, и смета дека следните 2-3 години ќе покажат дали ЕУ ќе најде политичка волја, преку реформи да му даде нов живот. Една можност, според Милошоски, да не остане „се на празни зборови“ е ЕУ да се согласи барем „на парцијално отворање на структурните фондови“ за земјите од регионот и така да им даде поттик на реформите.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми