1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Минеаполис не се смирува

01:19

This browser does not support the video element.

СН/дв | агенции
30 мај 2020

Четврта вечер по ред во американскиот град имаше, делумно насилни, протести поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд. За разлика од претходната вечер, немаше толку големи безредија.

Граѓаните го искажуваат својот бес и незадоволство по објавената потресна снимка на која се гледа како полицаец белец повеќе од 8 минути со колено го притиска вратот на Флојд, додека тој му вели „не можам да дишам“.  

Полицаецот на снимката вчера беше уапсен под обвинение за убиство и му се заканува 35-годишна затворска казна.

Уште тројца негови колеги, кои биле присутни за време на кобното приведување на Флојд се отпуштени од работа.

Повеќе:

-Минеаполис гори- воведена вонредна состојба

-ОН: САД мора да го запрат убивањето на афроамериканците

Фотографија: Reuters/L. Jackson

Простестите во Минеаполис продолжија и покрај полицискиот час и вонредната состојба воведена во градот и околината, а забележан е и вандализам во продавниците. Демонстрации имаше и во други градови во САД. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми