1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министерот во борбената зона во Авганистан

29 август 2010

Германскиот министер за одбрана, Карл-Теодор цу Гутенберг стана првиот политичар од високите редови кој ги посетил германските војници во борбената зона во Авганистан.

Петта посета во изминатите десет месеци - Гутенберг пристигнува во АвганистанФотографија: AP

Од базата на германските трупи во Кундус тој денеска со хеликоптер беше пренесен до немирната провинција Баглан. Таму се стационирани германските трупи за брза интервенција, кои акциите ги изведуваат заедно со авганистанската армија.

За време на посетата на Авганистан, германскиот министер за одбрана не можеше да вети дека одредени области веќе од следната година ќе можат да им бидат предадени исклучиво на авганистанските безбедносни сили: „Сметам дека и натаму постојат добри шанси во догледно време да ја предадеме оваа или онаа област во рацете на авганистанските сили. Истовремено не смееме да заборавиме и што е нашата цел тука“, истакна цу Гутенберг.

Гутенберг: Не смееме да заборавиме која е нашата цел во АвганистанФотографија: AP

За време на петтата посета на Авганистан во изминатите десет месеци, германскиот министер за одбрана беше придружуван од претседателот на парламентот, Норберт Ламерт, кој во меѓувреме беше на разговори со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и со американскиот командант на НАТО-силите, Дејвид Петреус.

Двајцата германски политичари вчера присуствуваа на комеморацијата за седуммината војници од Бундесверот, кои загинаа при напад на радикално-исламистичките талибанци во април. Претходно, пак, Ламерт и Гутенберг во главниот штаб во Масар-и-Шариф беа информирани за безбедносната ситуација во Авганистан.

Автор: ТТ/ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми