1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министерот за правда на Романија поднесе оставка

СН/ агенции
9 февруари 2017

Масовните протести против владата во Романија предизвикаа оставка на уште еден министер. Министерот за правда Флорин Јордаче соопшти дека одлучил да се повлече од функцијата.

Rumänien Rücktritt Erklärung Justizminister Florin Iordache
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Ghirda

Министерот за правда на Романија, Флорин Јордаче (насловна фотографија), денеска поднесе оставка по масовните протести против одредбата со која требаше да бидат ублажени антикорупциските закони.

Јордаче  рече дека законската одредба која тој ја подготвил е „легална и уставна“, но оти не успеала да го смири „јавното мислење“. Владата на Романија ја повлече спорната одредба од која корист би имале многу политичари, посебно од владејачката партија, по што стотици илјади Романци со денови демонстрираа на улиците во сите поголеми градови, сметајќи дека таквиот закон би ја загрозил борбата против корупцијата. Во неделата ширум земјата на демонстрации излегоа преку половина милион луѓе, така што стануваше збор за најголеми протести по падот на комунизмот, под чиј притисок во минатата недела оставка поднесе и министерот за трговија. Тој истакна дека поради законската одредба совеста не му дозволува да биде дел од владата.

Масовни протести против корупцијата во Романија

01:40

This browser does not support the video element.

Инаку романската владата вчера го преживеа гласањето за доверба во парламентот во кој има убедливо мнозинство.

За недоверба на владата беа потребни 232 пратенички гласа, но против владата се изјаснија 161 пратеник, што не беше доволно за усвојување на предлогот на опозицијата за недоверба на владата на премиерот Сорин Гриндеану.

Владата на социјалдемократите со итната одредба декриминализираше повеќе дела и злоупотреба на власта. Некои од тие дела се казнуваат со закон само ако нанесената штета е поголема од 44.000 евра. Но по масовните протести ширум земјата владата одлучи да ја повлече таа мерка.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми