1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мини-Меркел на чело на германската одбрана

24 јули 2019

Крамп-Каренбауер не сака да се претставува како продолжение на ерата на Меркел, особено затоа што смената на врвот на ЦДУ требаше да ја освежи партијата. Но засега не успева да побегне од нејзината сенка

Paul-Loebe-Haus Berlin Einschwörung AKK
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Нарекувана „мини Меркел“, Анегрет Крамп-Каренбауер се мачи за да се дистанцира од својата менторка и претходничка на чело на најмоќната политичка партија во Германија. Денеска, и покрај летниот одмор, германскиот парламент се состана за да ја изгласа Крамп-Каренбауер за нов министер за одбрана.
Новата функција ќе ја доведе еден чекор поблиску до шансата да ја наследи Ангела Меркел на чело на најголемата европска економија, по нејзиното најавено заминување во 2021 година.

56-годишната политичарка, позната и под прекарот АКК, поради комплицираното име, ја започна политичката кариера пред повеќе од 20 години во малата западна покраина Сар, каде беше премиер од 2011 до 2018 година, пред да започне кариера во националната политика како генерален секретар на ЦДУ.
Но со нејзиното мало искуство во меѓународната политика, именувањето за министерка за одбрана- функција која се смета за најпроблематична во германската политика- може да биде голем ризик за владата на Меркел.
Одговорајќи им на сопартијците кои ја критикуваа дека не е доволно моќна за да ја води ЦДУ, Крамп-Каренбауер реплицираше дека сака да зборува тивко, но да делува жестоко.

Крамп-Каренбауер не сака да се претставува како продолжение на ерата на Меркел, особено затоа што смената на врвот на ЦДУ требаше да ја освежи партијата.

„Ангела Меркел е научник, што во голема мерка ја обликува. Таа е трезвена и аналитична“, изјави АКК за ФАЦ.
„Јас доаѓам од социјална и хуманистичка сфера и сум поемоционална“, вели за себе дипломираниот  политолог.
Застапник на традиционалните семејни вредности, Крамп-Каренбауер израснала во големо католичко семејство и гласаше против истополовите бракови, што пак и ги донесе симпатиите на конзервативното крило во партијата.
Таа е скептична и кон двојното државјанство, бараше тестови за возраст на бегалците кои тврдат дека се малолетни, и се залага за враќање на обрзувачкиот воен рок.

При давањето заклетва на функцијата, таа им остана верна на своите христијански корени, завршувајќи ја со зборовите: „Нека ми помогне Бог“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми