1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минтеферинг ги збива редовите на СПД, Меркел и натаму бара вонредни избори

9 февруари 2004
Франц Минтеферинг, идниот претседател на СПД, сака членовите на партијата во иднина да покажуваат воздржаност во јавни дискусии, а меѓу себе да разговараат отворено, но зад затворена врата. Тој става акцент на единство во партијата, имајќи го предвид изборниот маратон што претстои годинава. Минтеферинг синоќа престојуваше во Хамбург, каде веќе на крајот од месецов ќе се одржат вонредни покраински избори по распадот на коалицијата на ЦДУ со партијата на Шил. "Пораката овде е дека социјалдемократите заеднички договорија и се решени, како и Шердер, јас и многумина други, да ја обновиме земјава, тоа да го сториме свесни за целта и оти нема да дозволиме ништо да не помести од курсот", рече Минтеферинг. И во оваа пригода тој ја потврди својата лојалност спрема канцеларот: "За мене е јасно и решено: Герд Шредер е сојузен канцелар и уште долго ќе биде. Јас ќе го дадам мојот придонес". Опозицијата не престанува со барањата за вонредни избори - како шефот на ЦДУ Ангела Меркел во интервју за првата програма на германската телевизија: "Избори колку што е можно побргу добро би и дошле на земјава. Клучот за тоа, сепак не е кај опозицијата, туку во рацете на мнозинството во парламентот и поради тоа треба да се сочека да се види што ќе се случи". Меркел уште еднаш нагласи дека таа има големи сомневања дали некој кој не може да ја води својата партија, може да ја води земјата.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми