Минтеферинг нов претседател на СПД
22 март 2004Вчера напладне заврши времето на Герхард Шредер како шеф на социјал - демократската партија на Германија. На вонредната седница во Берлин претседателот на фракцијата на СПД во Бундестагот Франц Минтеферинг беше избран за нов партиски претседател. Тој доби 448 гласови од важечките 471 односно повеќе од 95 проценти.
“Ви се заблагодарувам, драги сопартијци, за изборот, за резултатот, за довербата. Ќе се обидам да одоговорам на задачата. “
Минтеферинг претходно во својот говор пред делгатите опомена дека е потребно единство во тешки времиња. Во 141 годишната историја СПД носеше одговорност за земјата во турбулентните времиња на проомени, а тоа можно само со одлучност.
Во својот полседен говор како шеф на партијата канцеларот Шредер порача да се продолжи започнатиот пат на реформи, и притоа ги истакна сите теми кои се важни за неговиот мандат како канцелар на Германија, од реформите, преку учеството на Бундесверот на Балканот, па до оспорувањето на ирачката војна. Во своите последни зборови Шредер се осврна кон партијата и истакна:
“Тешко ми е да се збогувам со претседателскта функција на нашата партија. Да се стои како следбненик на Аугуст Бебел и Вили Бранд , за мене беше голема чест, да, можам да кажам, и би сакал да знаете дека бев горд што бев претседател на оваа голема најстара демократска партија на Германија. “ и додаде дека Франц Минтеферинг е најдобриот избор на партијата за оваа функција.