1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минхен, германската Силиконска долина

Фабијан Дитман
17 април 2021

Минхен се претвора во мала Силиконска долина. Епл сака да вложи милиони евра во развоен центар за полуспроводници, Гугл гради центар за нови работници, а тука истражуваат и создаваат и Мајкрософт, Инфинеон, Сименс, ИБМ.

Deutschland München Stadtbild
Фотографија: picture-alliance/Arco Images

Интелигентната роботска рака внимателно го зема доматот без да го дроби - посебното во врска со тоа е што тој гледа со помош на камери. Ја развија Николас Алт и Штефан Лохбрунер. „Висеви Роботикс“ е името на нивниот старт-ап во Минхен. Целта е да се направат роботи погодни за широките маси и да го револуционизираат пазарот.

„Нашата основна иновација е технологија на сензори базирана на камери. Ова значи дека можеме многу да го поедноставиме хардверот на роботите. Значи, можеме да изградиме роботи кои користат само едноставни мотори, а потоа се целосно контролирани преку софтвер и камери. Ова потоа може да се искористи за да се изградат многу евтини роботи кои, на пример, може да се користат и на робот за правосмукалка“, вели Николас Алт.

Двајцата имаат своја канцеларија во минхенскиот Верксфиртел во Верк1, центар за 35 дигитални старт-ап компании. Тука се вршат експерименти и се работи на деловни модели.

Флоријан Ман, од Верк 1. Бајерн ГмбХ, оценува:

„Највредното не е само зградата и инфраструктурата кои ги добивате овде, туку особено размената со другите основачи кои имаат слични прашања. Целата работа е опкружена со голема мрежа ментори, вклучително и големи компании, кои ги има многу во Минхен и кои сѐ повеќе се заинтересирани да работат со старт-ап компании со цел да развијат одлични решенија за во иднина.“

Повеќе:

Како Минхен „издржува“ без Октоберфест?

Силиконската долина е аут?

Баварија ја привлекува хајтек-браншата. „Епл“ штотуку објави дека го гради својот Европски центар за дизајн на чипови во Минхен. Гугл сака овде да работи на нови производи со 1.500 нови работници, а компјутерскиот гигант ИБМ во Highlight Towers пред четири години го отвори својот Центар за развој со фокус на вештачката интелигенција.

Волфганг Родлер, од ИБМ Центар Вотсон Минхен, е уверен дека Минхен нуди предности:

„Мислам дека имаме многу предности што тука има производствени компании, мали и средни претпријатија кои се наши клиенти и секако дека сакаме да бидеме близу до овие клиенти. Од друга страна, тука имаме навистина универзитети од светска класа, каде што можеме да најдеме врвни таленти, особено во областите каде ни се потребни.“

Освен тоа, тука е и хајтек-агендата на Баварија, која вреди милијарди евра. Што предвидува таа, во видеото:

Минхен, германската Силиконска долина

02:52

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми